Кафе муабет

Плодна есен за овие 3 хороскопски знаци: Од 1-ви октомври ве очекуваат многу промени- брдооо пари и унапредување!

Ќе имаат среќа...

Хороскопот открива што ви носи есенската рамноденица од 22 септември.

фото илустрација

Според астролозите овие 3 знаци од Зодијакот ги чека среќа на почетокот на есента. Се уште сме под влијание на ретроградниот Меркур, а од 25 септември нè очекува младата Месечина во знакот Вага. Венера, планетата на љубовта, прави тројка со Уран, а она што има најсилно енергетско влијание е есенската рамноденица, односно почетокот на есента на 22 септември 2022 година.

фото илустрација

Со влегувањето на Сонцето во Вага на 22 септември, денот и ноќта стануваат еднакви по должина, а потоа во следните денови и месеци деновите стануваат пократки, а ноќите подолги.

фото илустрација

Сета оваа енергија на почетокот на есента ќе се рефлектира кај хороскопските знаци, а особено добра атмосфера и вибрации ќе имаат следните 3 знаци на Зодијакот:

Фото Илустрација

Овен

Нема поубаво чувство од завршување на сите ваши задачи. Сега кога сте ослободени од обврските, подготвени сте да се опуштите. Уживате во друштво на блиски луѓе, лесно се поврзувате со другите, сакате да се забавувате и да освоите нечие срце. Вие сте самоуверени, духовити и личност која лесно ги мотивира другите и ги поттикнува на акција. Есенската рамноденица може да ви донесе љубов.

Фото Илустрација

Бик

Романтичната Венера моментално ја заслепува вашата петта куќа на љубовта, страста, задоволството и самоизразувањето, со што е поверојатно дека ќе поминете квалитетно време со некој кој ви го заробил срцето. Но, за време на есенската рамноденица, можно е да сакате да се посветите и да работите на здрава љубовна врска. Импровизирате, спонтани сте, а енергијата на полето на љубовта, романтиката и забавата е зголемена. Во деловната сфера ве очекуваат интересни идеи – можно е тоа што сте го смислиле да ви биде одобрено и да заработите стабилен приход.

Фото Илустрација

Рак

На љубовен план ве очекуваат возбудливи вести. Исто така, можно е да добиете информација за унапредување на работа. Месечината – која е вашата владејачка планета – ќе се движи низ вашата втора куќа на парите и стабилноста, што укажува на можно зголемување на приходот бидејќи формира триаголник со среќниот Јупитер во вашиот сектор на кариера. Време е да го преземете водството во нов професионален потфат! Младата месечина и енергијата на есента ве поттикнуваат да го организирате домот, да го украсите и да го направите вашиот простор оаза на позитивна енергија.

фото илустрација

Октомври носи многу пари!

Астролозите истакнуваат дека три хороскопски знаци ќе имаат најмногу шанси да постигнат голем успех и значително да си го подобрат животот.

Фото Илустрација

Лав

Во октомври огнените Лавови ќе можат максимално да се истакнат на полето на кариерата. Вашата работна способност и продуктивност, заедно со активната позиција, помагаат да се освојат нови амбиции. Средината на есента за Лавовите може да биде обележана со достигнувања во кариерата. Можно е да ја добиете посакуваната позиција и да постигнете признание меѓу колегите и претпоставените. Фокусирајте се на новите обврски.

фото илустрација

Девица

Октомври ќе биде месец на романтиката и љубов за Девиците. Ќе се фокусирате на зајакнување на врската со партнерот. Имајќи ги предвид вашите професионални обврски, можете да го пронајдете вистинскиот баланс и да одвоите време за вашите најблиски. Ако врската со партнерот не ви оди добро во последно време, можеби заедничкиот одмор ќе ви помогне повторно да ги разгори вашите чувства. Можно е до крајот на октомври да дознаете добри вести поврзани со семејството.

фото илустрација

Стрелец

Фокусот на Стрелците во октомври ќе биде на зајакнување на професионалните позиции. Ќе можете да ги покажете вашите силни страни и вештини и да напредувате во кариерата. Со новата функција ќе дојдат не само нови обврски, туку и зголемување на приходите. Ова ќе ви овозможи да направите големи купувања, па дури и да го исполните вашиот стар сон.

Фото Илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close