Кафе муабет

ПО ПЕТ ГОДИНИ ВРСКА РАСКИНАА АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ И ЃОРЃЕ КУЉИЌ: Неодамна купија луксузен стан а сега таа се исели од него- ова е причината за КРАЈОТ НА ЉУБОВТА

Повеќе не се согласувале...

Младата поп ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ ја раскина врската со своето момче Ѓорѓе Куљиќ, по пет години врска.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Како што дознава „Блиц“, двајцата вчера раскинале, а врската била прекината бидејќи се помалку време поминувале заедно во Србија и поради одвоени патувања и поради деловни обврски.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

– Причината за раскинувањето е разделба, но и други непремостливи разлики во овој момент. Раскинувањето е прашање на заеднички договор меѓу Анастасија и нејзиното момче, а бидејќи нема информации за постоење на трети лица – Анастасија и Ѓорѓе раскинаа на крајно пријателски начин.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

За потсетување, Анастасија и Ѓорѓе се запознаа на новогодишна прослава во 2017 година. Ражнатовиќ првата година не сакаше да каже ниту збор за нејзината врска за медиумите, а сите детали од врската се обидуваа да ги скријат од јавноста.

фото архива

По нешто повеќе од една година врска, Анастасија неколку пати зборуваше за љубовта со младиот бизнисмен, но никогаш не се сликаа заедно за списанија, само папараците успеаја да ги фатат неколку пати на забавата и на семејните веселби.

фото архива

За потсетување, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Ѓорѓе Куљиќ неодамна се преселија во новиот дом во Дорчол.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

Тие двајца заедно го купиле луксузниот стан кој го опремиле по нивна желба, по најсовремени стандарди.
Нивното ново љубовно гнездо се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.

ФОТО: Анастасија Ражњатовиќ / Инстаграм

– Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и направиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат – изјави неодамна извор за медиумите.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Пред тоа две години живееа во Нови Сад, каде бизнисменот има куќа, а Анастасија често доаѓа кај мајка и во Белград. Поради нејзината пејачка кариера решиле да продолжат да живеат во главниот град.

фото инстаграм/принтскрин

Поради фактот што се одлучија да живеат заедно, многумина помислија дека пејачката ќе застане на „лудиот камен“ и ќе го каже судбоносното да на својот избраник.

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

Иако Анастасија не проговори јавно на оваа тема, пејачката веќе одлучи која ќе и биде кума.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Таа ми е најдобра пријателка. Утре на свадба ќе ми биде кума. Не ми е тешко ншто да направам за неа. Се познаваме и се дружиме од мојата 12-та година – изјави Ражнатовиќ во една прилика во емисијата „Неделно попладне“ откако нејзината пријателка Тара откри дека младата пејачка целиот свој живот го ставила на двонеделна пауза за да и го посвети исклучиво на неа откако дознала дека е заразена од корона.

ФОТО: Анастасија Ражњатовиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close