Кафе муабет

Каква глетка! Данијела Мартиновиќ и Хана Хуљиќ една до друга, животот навистина пишува романи! (Фото)

Кога би знаела што би се случило сигурно не би се фотографирала со неа...

Доколку Данијела Мартиновиќ имаше моќ да ја предвиди иднината, оваа фотографија веројатно никогаш немаше да биде направена. Но, што би рекол народот, човек да знае каде ќе падне – ќе седне.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

Во октомври 2015 година, Петар Грашо одржа концерт во загрепската сала Лисински. Од публиката го поддржуваа неговата тогашна девојка Данијела и неговата сегашна љубов Хана Хуљиќ, која дојде со нејзината мајка Вјекослава.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

На сликата со нив се Флавија и Томаж Кавчиќ, словенечки готвач кој, како што веќе знаеме, му бил кум на Грашо на неговата свадба со Хана. Животот навистина пишува романи… И тажни приказни.

фото Ексклузива.ба

Данијела и Хана една до друга, пред седум години додека пејачката соработуваше со музичкото семејство Хуљиќ. Дали и денес би се фотографирале заедно, останува на времето да покаже?

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Да потсетиме Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ по две децении љубов, минатата година решија да стават крај на врската.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Од тогаш парот немал блиска средба а Грашо во меѓувреме се ожени со Хана Хулиќ, ќерката на неговиот добар пријател Тончи Хулиќ а сега чекаат и дете.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Сепак, вчера во јавноста излезе веста дека двете големи хрватски ѕвезди би можеле да се сретнат на прославата на 20-тиот роденден на хрватското издание на магазинот Story, но тоа не се случило.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Имено, Петар Грашо на споменатата прослава требаше да ја добие наградата за пејач на годината, па беше најавено неговото доаѓање.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

На истата прослава била поканета и Данијела Мартиновиќ. Сепак, средбата на поранешните љубовници била спречена.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Петар Грашо денот го поминал со сопругата Хана Хуљиќ и членовите на нејзиното семејство. Хулиќ и Грашо гостувале на настан во Хрватска, а таа вечер сопругот на бремената Хана Хуљиќ имал закажан уште еден настан на кој тој не се појавил.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

Додека Данијела Мартиновиќ блескаше во жолтата тоалета и ја запали бината на споменатата прослава, столчето на Петар Грашо остана празно, а наградата не беше врачена.

фото инстаграм/Петар Грашо

Дали Хана сакала да го држи сопругот покрај себе, исплашена од средбата со бившите љубовници или пак имало некои други причини, Петар се уште не открива во јавноста.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Инаку Грашо и неговата сопруга Хана Хулиќ биле на отварање на една сплитска поликлиника.
Хана во таа прилика прозбоела за својата грижа за здравјето. Истакнала дека практикува долги шетања во природа и дека внимава на исхраната.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

– Моментално премногу пребарувам за се, што би можело ова да биде, што би можело тоа да биде. Сега можеби претерувам, но сепак сум умерена во тоа прашање, рекла Хана.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close