Uncategorized

По 50 години преку Фејсбук ја пронајде мајка си која ја дала на посвојување!

Сега се заедно и среќни...

65 годишната Паулин Питер останала бремена кога имала само 14 години а веќе на 15 ја родила својата ќерка Керол која поради сплет на околности морала да ја остави на посвојување.

фото фејсбук
фото фејсбук

Со години, Паулин живеела во агонија, и тајно посакувала да ја види и прегрне својата черка.

Еден ден таа на телевизија случајно здогледала дека една девојка преку емисија за повторно обединување на членовите на семејството кои изгубиле контакт ја бара својата мајка.

 

фото фејсбук

 

Водителката Давина Мекол наскоро и откри на Паулин дека нејзината ќерка Керол Вајтхед (51) ја пронашла после долги години и дека ја следи со години на Фејсбук.

Керол изјави дека по смртта на жената која ја посвоила, решила да ја побара вистинската мајка и семејството. Со помош на пријател ја пронашла Паулин на Фејсбук, но во страв дека може да одбие контакт, решила само да ги следи нејзините статуси и фотографиите што ги објавила.

Ја потисна мислата да и се претстави на својата вистинска мајка и да предложи состанок, но остана да ги следи нејзините објави и фотографии.

фејсбук

– Одев на нејзината страница на Фејсбук на секои неколку недели. Понекогаш таа објавуваше слики со своите ќерки, па се чувствував малку чудно. Не знаев дали таа им кажала нешто за мене и не сакав да и создадам проблем со тоа што ќе се појавев необично – вели Керол за Мирор.

Кога ги виде фотографиите на Паулина со своите ќерки, и ’беше тешко, чувствуваше дека треба да биде дел од тоа, но не сакаше да влезе во нивниот живот толку одеднаш. Но, кога и да видеше епизода од емисијата Долго изгубено семејство на телевизија, уште почесто се враќаше на профилот на Паулина и ги гледаше нејзините фотографии.

 

Foto: Screenshot/ITV

– Јас сум изненадена. Се приклучив на Фејсбук во 2015 година, само за да можам да контактирам со членовите на семејството и бев тажна кога дознав дека Керол не ми се јави кога ме најде, затоа што можевме да имаме уште три години заедно, но кога конечно се собравме, ние го надоместивме сето тоа – вели Паулин.

Керол ја пронајде Паулин откако беше излезена со нејзини пријател кој и предложил да и помогне во пронаоѓање на нејзината вистинска мајка.

фото фејсбук
фото фејсбук

 

– Не можев да верувам, бевме толку неверојатно слични. Следниот ден го разгледував нејзиниот профил на Фејбук и почнав да ја следам – ​​вели Керол.

Полин останала бремена кога имала само 14 години. Бидејќи не можела да им признае на своите родители дека е бремена, им се доверила на двајца блиски пријатели, но на крајот директорот на училиштето дознал и ја избркал. Напишала писмо за нејзините родители, но никогаш не им го дала. Наместо тоа, таа се криеше во куќата на своето момче и се преправаше дека оди на училиште секој ден, но нејзиниот татко дознал дека е бремена.

„Ако се породиш, нема да го донесеш дома“, и рекол тој, забранувајќи и да излезе надвор.

фото фејсбук

Изгубив контакт со своето момче и татко ми ми соопшти  дека детето ќе биде дадено на посвојување – вели Паулин.

Иако нејзината постара сестра Керол понуди да ги прими неа и детето, нивниот татко рече дека ако тоа се случи, тој повеќе нема да разговара со ниту една од нив.

Затоа отишла во прифатилиште и роди девојче на кое му го даде името Луиз. Помина еден месец со неа во куќата, ја хранеше и се грижеше за неа.

 

фото фејсбук

 

– Веднаш се поврзав со неа. Но, кога моите родители дојдоа да ја посетат, татко ми не сакаше ниту да ја погледне. Мама ја зеде во нејзините раце, но рече дека татко ми е упорен. Ми рекоа да се збогувам со детето. Потоа морав да излезам за да можат нејзините посвоители да дојдат да ја земат. Се сеќавам дека и реков:

„Кога ќе пораснеш, можеме да се сретнеме една со друга, ќе ме запомниш колку што јас ќе се  сеќавам на тебе“, вели Паулин.

Она што останало да ја потсетува на нејзината ќерка била фотографија на која таа е бремена.

фото фејсбук

– Ја сакав таа фотографија, тоа беше доказ дека мојата ќерка постои, дека не сум сонувала само за сето тоа. Јас секогаш ја чував со мене и одвреме-навреме ја гледав и помислував на моето дете – вели Полин.

Полин се омажила кога имала 16 години и родила уште четири деца – Трејси (49), Стивен (48), Саманта (46) и Стефани (39).

– Бев среќна, но секогаш чувствував дека некој недостасува. Керол отсекогаш била дел од семејството и секогаш зборувавме за неа како да е со нас, иако не беше – вели таа.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close