Кафе муабет
Пејачката доби урнебесни коментари поради оваа објава на Инстаграм- сите се чудат на овој потег на Каја!
Само 10 часа ја немаше на Инстаграм...
Пејачката Катарина Каја Остојиќ е многу активна на социјалните мрежи, а со последната објава привлече големо внимание.
Имено, таа објави кратко видео од својот дом на кое истакна дека сака да се оддалечи од социјалните мрежи, бидејќи тоа и годи.
– Морам да признаам дека многу ми се допаѓа оваа „детоксикација од социјалните мрежи“, ајде да ја наречеме така и „Би можела да продолжам да живеам без Инстаграм“ – напиша Каја и додаде:
– Ама нема да може!
И ништо не би било чудно ако Каја не објавила видео само неколку часа претходно.
Корисниците на социјалните мрежи ја прозваа велејќи дека „не е сериозна дека нејзиниот успех е тоа што таа не била на социјалните мрежи вкупно 10 часа“.
„Претходното стори го објавивте пред 10 часа, дали сте реални?!“, „Чекај, успех ти е да не си на Инстаграм 10 часа?! Дали ушите ме лажат или снимаше видео за Инстаграм да кажеш дека можеш да живееш без Инстаграм?!“, коментираат корисниците на социјалните мрежи за потегот на Каја.
Сепак, се чини дека Каја не ги виде овие коментари, па се уште се фали со своето „големо враќање“ на социјалните мрежи…
За потсетување, пејачката Катарина Каја Остојиќ веќе извесно време живее во Франција со својот избраник, фудбалерот Мате Павловиќ.
Тие двајца неодамна купиле стан, а зградата во која се наоѓа датира од 18 век. Иако тогаш служела како зграда во која живеела војската, со текот на времето била реконструирана, а сега наликува на вистински замок.
Каја неодамна се пофали на своите фанови и покажа како изгледа нивниот луксузен стан за кој како што пишуваа медиумите платиле дури 100.000 евра.
Во улогата на мајка, познатата српска пејачка Катарина Каја Остојиќ се реализира кога наполни 18 години, а своето средно образование го заврши како вонреден ученик.
Таа вели дека никогаш не се покаја што го родила детето иако била многу млада, и посочи дека ниту нејзиниот тогашен партнер Никола Драгољовиќ сакал тие да го задржат детето.
– Кога дознав дека сум бремена, не се исплашив, иако бев млада. Ниту Никола. Прифативме дека „така треба да биде, се сакаме, ќе си го чуваме бебето и се венчаме“. Моите имаа големи очекувања за мене, па веста дека сум бремена беше шокантна за нив. Тие беа и против мојот однос со Никола. Ги повредив со своите постапки, тие навистина беа лути на мене, но сега ги разбирам – рече Каја за „Информер хит“ и додаде дека проблемите во бракот започнале за време на бременоста.
Пејачката искрено проговори за периодот во бременоста и посочи дека токму тогаш почнала да сфаќа дека Никола не е за неа, но помислувала дека тоа е поради хормоните од бременоста.
– Кога се породив, ја очекував неговата поддршка, но не ја добив. Тогаш сфатив дека и јас не сум психички подготвена за бебе, иако мислев дека сум. На Никола му беше подобро да излезе во град со пријатели, отколку да биде со мене и нашето дете. По голема расправија, го викнав татко ми да ме земе. Тато веднаш дојде а јас поднесов барање за развод – изјави пејачката која зад себе има три брака.
Пејачката веќе некое време е во врска со хрватскиот фудбалер Мате Павловиќ, кој го запозна преку заеднички пријател.
– Никогаш немав желба да се омажам. Очигледно трите брака ми се случија затоа што не фантазирав за нив како другите жени. Тој потпис на хартија не може да им помогне на луѓето да останат заедно. Иако сум свесна за тоа, никогаш не вели никогаш. Моите планови честопати пропаѓаат и животот ме изигрува- рече пејачката и додаде дека би сакала да се реализира како мајка по втор пат.
– Би сакала да имам син, но не би сакала да го родам на 45 години. Сега имам 37 години ако ми се случи во следните три години, ќе го сметам за дар од Бога. Меѓутоа, ако не родам до 40 години, ќе се откажам – беше искрена Каја.