Кафе муабет

ДОЛГО МОЛЧЕШЕ ПО РАЗВЕДОТ: Јована Пајиќ се огласи на Инстаграм и кажа како се чувствувa-„Tогаш се ќе ми помине“

Се разведоа по 10 години брак...

Разводот на Јована Пајиќ и Сале Тропикo на крајот на минатата година ја шокираше јавноста, а пејачката која по сите традиционални обичаи се омажи за фронтменот на бендот Тропико, долго време не се огласи, откако веста стигна во јавноста.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Јована се уште не проговорила јавно за се што чувствува, но преку нејзините објави на Инстаграм можеме да заклучиме низ што поминува. Поранешната ѕвезда на Гранд сподели како минува низ животот.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

– Јас во сите животни ситуации- напиша Пајиќ покрај сликата на која гледаме како некој се дави, но во исто време пуши цигара.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

После тоа, таа опиша што е потребно да и се случи за да помине низ сето она за што постојано размислува.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

– Кога ќе ја грабнам бовата и ќе ја наведнам главата на моите раце и само ќе погледнам пред мене на крајот од морето и не размислувам за ништо друго освен за тоа колку добро изгледа црвениот лак на исончаните раце, тогаш сè ќе помине – објави Јована Пајиќ.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Се разведоа по 10 години брак…

Парот реши да стави крај по 10 години бракот од кој имаат две ќерки.

Имено, многу се шпекулираше за причината за нивниот развод, а познато е дека пред конечно да одлучат дека е крај отишле кај психотерапевт со желба да се обидат да го спасат бракот. Сепак, не успеаја.
Јована и претходно за медиумите изјави дека редовно одат на терапија за да ја подигнат врската на повисоко ниво, а во една прилика истакна дека тоа им е потребно.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

– Сале ме поддржува во се, не е љубоморен, од овие детски болести боледуваме одамна. Никогаш не го проверувам, ниту тој ме проверува мене, имаме здрава врска. На сите им треба психотерапија, вклучително и мене и Сале – изјави таа во 2018 година.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Таа потоа откри зошто побарале помош од експерт.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

– Немаме никакви конкретни проблеми, отидов од љубопитност бидејќи мислев дека држам се под контрола и наидов на некои работи кои беа затворени во црна кутија и навистина пораснав како личност благодарение на тие терапии. Јас и Сале со помош на професионалец полесно го решаваме проблемот со напорното темпо на живот, неостварувањето на некои работи, односот со пријателите, семејството. Тоа се работи за ментална хигиена – објасни тогаш Јована, која очигледно не сакалa да открие јавно дека има кризи во бракот со Сале.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Имено познатата двојка важеше за една од најубавите парови во регионот, но и двајцата ги потврдија наводите дека ставаат крај на бракот со напомена дека ќе останат во добри односи пред се поради децата.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

– Точно е дека јас и Саша донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Ќе останеме пријатели и, како и досега, ќе бидеме посветени на заедничко одгледување на децата. Разводот е во тек и поради мирното воспитување на нашите девојчиња барам од медиумите да ни ја овозможат потребната приватност – изјави Пајиќ.

фото инстаграм/Јована Пајиќ

Јована и Сале се заколнаа на вечна љубов во 2011 година, а нивната свадба беше прикажана и во една емисија.

фото инстаграм/Сале Тропико
фото инстаграм/Сале Тропико
фото инстаграм/Јована Пајиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close