Кафе муабет

Петар Грашо сподели среќни вести и го откри полот на детето: Подготвија и список на имиња!

Петар и Хана чекаат девојче...

Хана Хуљиќ и Петар Грашо се заколнаа еден на друг на вечна љубов пред само неколку дена во црквата Св. Доминика во Сплит.

фото инстаграм/Дино Раѓа

Додека им се заблагодаруваше на гостите што беа присутни на прославата, познатиот пејач ги изненади гостите откривајќи им дали сопругата ќе му подари син или ќерка.

фото инстаграм/Дино Раѓа

Според RTL Exkluziv, идниот татко открил дека семејството ќе биде побогато за едно прекрасно девојче, како и фактот дека тој и Хана веќе имаат подготвен список со имиња за бебето.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Потсетуваме, интимната венчавка на Петар и Хана се одржа во друштво на семејството и најблиските пријатели, додека, како што пишува „Глорија.хр“, свадбената прослава заедно со крштевката на бебето ќе се одржи наесен, кога ќе се соберат дури 500 гости.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Иако се обидоа да ја сокријат локацијата за венчавка од медиумите, припадниците на седмата сила сепак ги чекале пред црквата, а потоа и пред ресторанот. На прашањето како започна нивната љубов, во изјава за Прва тв Грашо изјави дека и бил омилен пејач на Хана.

Кога беше мала, ми праќаше некои мали писменца со детски ракопис, се уште ги чувам..

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

На прашањето на новинарте како се чувствува по црквеното венчање, тој кратко одговори: Како маж!

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

По раскинувањето на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, кој сега е во брак со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, многумина се сетија на интимното интервју кое пејачката го даде за хрватските медиуми, а кое сè уште ги тресе сите жени кои се борат за потомство.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Данијела беше во емотивна врска со Грашо 24 години и никогаш не криела дека се надевала на заеднички деца, што не се случило.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Како што еднаш истакна, не и е лесно што медиумите, бидејќи е јавна личност, се занимаваат со оваа тема.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Мајчинството ми е доста тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш таквите наслови за моето неостварено мајчинство звучат и изгледаат толку едноставно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека ќе останеш засекогаш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да му кажам се од прво лице еднина – изјавила Даниела за Јутарњи пред неколку години.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close