Кафе муабет

Момчето К.К. го откри мотивот за масакрот и каков бил МОНСТРУОЗНИОТ ПЛАН – целиот регион во шок!

Осомничениот откри и што планирал со молотовите коктели...

Веселин Милиќ, началникот на Полициската управа на Град Белград изјави дека момчето што го изврши масакрот за себе изјавил дека е психопат.

Милиќ потврди дека момчето се наоѓаа во Полициската управа за Град Белград и дека тукушто заминал во една здравствена институција за лечење на малолетни лица, во присуство на работник од Центарот за социјална работа.

Милиќ во изјава за РТС повтори дека напаѓачот самиот ја повикал полицијата и ги известил за злочинот што го направил.

„Во разговор во присуство на Центарот за социјална работа, момчето изјавило дека бил игнориран од страна на друштвото во кое се наоѓало, и дека низ својот општествен живот бил исклучен од комуникација и игри на одмор или екскурзија, и дека тоа го навело низ своите мисли и работи да го направи тоа“, изјави началникот на Полициската управа, Веселин Милиќ.

Фото: Принтскрин/ Твитер

Тој потоа изјави дека со молотовите коктели што биле пронајдени во неговиот ранец сакал да направи некој вид на ѕид или бариера на влезот во училиштето, како полицијата не би можела да влезе и да пружи помош.

Фото: Принтскрин/ РТС

Херојски потег на учителката

По страшниот масакар во ОУ „Владислав Рибник“ во кој ученикот К.К. (13) од седмо одделение изврши убиство на 8 ученици и домарот, а рани шестмина врсници и наставничка, многу родители почувствуваа горчина.

Еден од нив, чие дете учело во истото училиште, го опиша своето искуство и храброста на една учителка, која за целото време останала прибрана и совесна. Како што напиша овој татко на Твитер, веднаш откако слушнал за масакрот тргнал кон училиштето и добил порака од учителката која објаснила дека децата ги извела во парк за да ја избегне опасноста.

„Моето дете учи во Рибникар. Го уклучувам телефонот, гори. Тргнувам кон училиштето, пристига порака од учителката дека ги изнела децата во парк кај Мањеж. Стигнувам во паркот, децата играат фудбал. Се правам како да е нормално сé, додека желудникот ми игра. Учителката ја задржа присебноста и им кажала дека во прашање е вежба“ напиша овој родител и додаде дека ова жена за него е херој, а многумина се согласија со него.

„Учителката за мене е херој, На патот до паркот многу коли од брза помош и полиција. Децата и родителите наоколу плачат.“

„Не можам да ви го опишам чувството. Мислам дека вакво нешто кај нас нема никогаш да се случи. Дури сега, откако детето е дома, мене потполно ме фаќа страв и апсолутна тага“, заклучи овој татко.

Потсетуваме, како што беше соопштено на конференцијата за новинари, осомничениот за масакрот детално го планирал злочинот.

К.К. (13) месец дена го планирал убиството, а кај него дома полицијата пронашла список со ученици и скица од училиштето.

Тој претходно го земал пиштолот од својот татко, кој во меѓувреме е уапсен.

Осомничениот покрај пиштолот кај себе носел и Молотови коктели. Тој нема да одговара кривично бидејќи нема 14 години (види тука).

Извор. Курир.рс, Телеграф.рс

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close