Кафе муабет
Откриена голема тајна на Дијана Ѓоковиќ: Ова го криеше три децении- таткото на Новак кажа се, еве која е Милица
Срѓан и го дал името Милица...
Познато е дека родителите на Новак Ѓоковиќ се негова најголема поддршка и ветер во грб, но сепак јавноста не е запознаена со тоа колку се жртвуваа за доброто на кариерата на најдобриот светски тенисер, па додека татко му го придружуваше на турнирите и поради сплет на околности беше поприсутен во медиумите, неговата мајка Дијана се држеше настрана.
Сепак, светската слава која Ноле ја стекна неминовно предизвикува огромно внимание, целото семејство е во фокусот на јавноста, а на површина неодамна излезе тајната на Дијана Ѓоковиќ, за која проговори и самата.
Заедно со сопругот Срѓан, Дијана од неодамна почна почесто да се појавува во јавноста и да дава изјави кои најчесто се поврзани со нивниот син, но за време на гостувањето во емисијата „Балканска улица“ родителите на популарниот тенисер Новак Ѓоковиќ открија неколку досега непознати детали, па така на виделина излезе и тајната на Дијана Ѓоковиќ.
Имено, Дијана откри дека пред три децении била крстена во црква и дека го добила и крштеното име кое и го дал нејзиниот сопруг Срѓан.
По тој повод Срѓан за својата поубава половина избра старо српско име Милица.
Сепак, иако смета дека името е прекрасно, таа истакна дека не сака некој да ја нарекува така јавно и дека сака да остане Дијана во приватноста на својот дом.
Стана свекрва по втор пат
За луксузната венчавка на Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов се уште се зборува, а на нивната свадба се собра целото семејство Ѓоковиќ.
Многу се шпекулираше дека Дијана Ѓоковиќ и нејзината втора снаа Сашка не се во добри односи, но тие две со последното видео докажаа дека вистината е сосема поинаква.
Младенците не штедеа пари за да им приредат одлична забава на бројните гости, а според видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се каже дека новата снаа била одлично прифатена од нејзината свекрва Дијана Ѓоковиќ.
Имено, на видеото се гледа како таа танцува со Дијана на денс музика, а од нејзината насмевка и движења изгледа дека главните ѕвезди на вечерта биле на подиумот.
Инаку Сашка Веселинов и Ѓорѓе Ѓоковиќ се венчаа во црквата Свети Марко во Белград.
На венчавката присуствуваше целото семејство Ѓоковиќ, а по трогателниот говор младенците меѓу првите им честиташе и свекрвата Дијана. Таа беше многу емотивна во текот на целиот свет чин, па во еден момент ја обзедоа емоции и плачеше од среќа. Тогаш и пришле синовите Новак и Марко и ја гушнале.
По церемонијата, мајката на Новак беше меѓу првите која ја прегрна невестата и и честиташе. Таа накратко и посака добредојде во семејството Ѓоковиќ, а нивните насмевки кажуваат се.
По излегувањето од црквата, меѓу најсреќните гости беше токму свекрвата Дијана, која со синот Новак пееше на мелодијата „Luckasta si ti“, а особено ја трогна песната „Danas maјko ženiš sina“ , и потоа ги прегрна и бакна сите тројца .
Да потсетиме, Сашка Веселинов е модел и инфлуенсер, додека Ѓорѓе е успешен млад бизнисмен.