Кафе муабет

ПОЛОВИНА ГОДИНА, ПОМИНАА 6 МЕСЕЦИ ОТКАКО МИ ОДЛЕТА ВО ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО – пејачката Јулија неутешна по загубата на ќерка си

Половина година голема тага...

Кога ќе се спомене името на Јулија Мациевска, сите знаат дека станува збор за ТВ водителката и пејачка која важи за една од најубавите жени кај нас.

Автор на емисијата ,,Будење со Јулија’’ која години наназад се емитува на Телевизија Сонце.

Пред шест месеци во домот на пејачката завладеа мртва тишина и тага.

Имено, прераната загуба на ќерка си Андријана, која неколку години се бореше со подмолна и лоша болест беше болна и многу тажна.

Андријана беше позната, успешна уметница, сликарка, со многу изложби позади себе, како во државата така и во странство.

Водителка и после смртта на својата ќерка не престана да биде активна во јавноста.

Покрај авторската емисија на која и’ се врати повторно, Јулија постојано одржува и изложби во спомен на Андријана.

Последната изложба се одржа во Тузла –  Босна и Херцеговина.

,,Тузла го отвори своето срце, за љубовта, за нашиот жив, ангел небесен Ан. Преполна сала во културниот центар ,,Исмет Мујезиновиќ’’. На изложбата беа изложени  за првпат делата на Андријана, насликани во последниот и најтежок период за неа, во последните пет месеци’’, напиша Јулија на својот Фејзбук профил.

Андријана почина на само 42 години, таа почина од канцер, а на својата мајка и остави аманет да ја чува и воспитува нејзината ќерка – Стефанија.

,,Половина година, 6 месеци поминаа, откако ми одлета во Царството Небесно, мојата единствена рожба, моето девојче, мојата АН.

Ве молам драги пријатели, ако напишете некој збор, изоставете го зборот ,,почива”, оти тој збор не е утеха за мајката, чие чедо е Жив Ангел Небесен АН…” – напиша Јулија на својот Фејсбук профил


Фото: Фејсбук/ Јулија Мациевска

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close