Дом и семејство
Овој човек е сопругот на Тијана: Го криеше од очите на јавноста но ова видео откри се- еве како изгледа денес Милан Дапчевиќ
Тие се во складен брак повеќе од дваесет години...
Нашата позната пејачката Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан во април прославиja 21 година брак, а за сето тоа време Милан Дапчевиќ не сакаше особено да се експонира во јавноста.
Иако неговата сопруга е многу активна на социјалните мрежи многу ретко можеме да го видиме Милан на фотографиите со Тијана.
Имено во една прилика пејачката прозборе за својот брак па истакна дека таа и нејзиниот сопруг Милан не ги поминуваат своите годишнини на посебен начин, но дека се обидуваат да ја негуваат врската секој ден, наместо еднаш годишно.
– Ние славиме љубов секој ден, не само еден ден во годината- вели таа.
Тие се запознале на една кошаркарски натпревар, и по само четири дена излегување решиле да започнат заеднички живот.
Како што објасни пејачката во една пригода за еден портал, тој и додека и’ бил продуцент секогаш бил во фазон таа да оди некаде, а тој да не се појавува никаде. Таа тогаш истакна и дека својата приватност не ја чува баш толку, но и дека не дозволува никому да се меша во нејзиниот живот.
Иако некогаш можеше да се види со Тијана овде-онде, во последните неколку години тие прилики стануваат се поретки. Една од ретките шанси да дознаеме како изгледа сопругот на Тијана Дапчевиќ денеска пружи самата пејачка на својот „Инстаграм“ профил, каде на почетокот на оваа година сподели видео од семејното патување со нејзиниот сопруг и нивниот син Вук.
Видеото открива дека сопругот на Тијана Дапчевиќ останал ист како порано, но дека неговата брада е значително подолга. Она што е сепак многу поважно е што по повеќе од две децении љубовта меѓу оваа брачна двојка не стивнува.
View this post on Instagram
Нивниот брак помина само низ една криза, кога се пишуваше дека сопругот на Тијана Дапчевиќ и е неверен на пејачката, но таа тоа остро го демантираше.
-Се пишуваше дека Милан ме изневерувал, но јас не негирав бидејќи нас не не интересира такво нешто. Ниту тој ме изневери, ниту јас него! Сите овие години не погледнав во друг маж, бидејќи во мојот сопруг имам сè! Тоа беше и останува љубов на прв поглед. Можеби го изневерував со Џони Деп, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мојот ум – на мој начин, истакна Тијана.
Тијана во една прилика зборуваше отворено и за мајчинството, кога истакна дека се грижи за синот да го изведе на вистинскиот пат, бидејќи на младите денес сé и сешто им е достапно.
Порано се плашев, бидејќи денес на децата сé им е достапно. Но тој од мрежите има само ТикТок, и тука не виси по цел ден, туку оди на спорт, се занимава со школо и други работи. Убаво е воспитан, нема моменти да ми каже дека го замарам или да ме исфрла од својата соба.
„И бескрајно ме забавува, има генијални идеи“, изјави Тијана, па откри и како тој ја има запишано во неговиот телефон.
„Женска родителска фигура, му беше до скоро, и секако дека го натерав тоа да го смени“, изјави таа и додаде:
„И сега не сум мама туку Тијана“, раскажа пејачката во една емисија.