Кафе муабет
Овој познат пејач е новото момче на Александра Младеновиќ- пејачката заљубена до уши (ФОТО)
Уловени заедно...
Младата пејачка Александра Младеновиќ и Исак Шабановиќ биле фатени заедно, а според пишувањата на медиумите, наводно започнале и емотивна врска.
Како што пренесува „Папарацо Лов“, Александра (27) и Исак (26) наводно ја криеле врската од јавноста, а камерите ги фатиле како поминуваат време заедно.
Александра Младеновиќ неодамна потврди дека е заљубена.
– Повторно сум заљубена, да! – изјави Александра во емисијата „Магазин ИН“.
Да потсетиме, Александра се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ во 2015 година, додека Исак во ова шоу беше пет години подоцна, во 2020 година.
Александра Младеновиќ претходно беше и во љубовна врска со синот на Шабан Шаулиќ.
Како што пишуваа регионалните медиуми, тие ставиле крај на врската која им траела само неколку месеци и прекинале секаков контакт.
Иако нивните пријатели наводно веруваа дека тоа е само криза и дека парот ќе се смири сепак патиштата им се разделија.
– Времето им покажа дека размислувањата и ставовите им се разликуваат, и по неколку месеци одличија да стават крај на врската. Сметаа дека најдобро за двајцата е да останат некое време сами, па да видат дали оддалечувањето ќе ги зближи и повторно да бидат заедно или сепак ќе прекинат секаков контакт, изјави тогаш близок пријател на парот за медиумите.
Инаку, младата пејачка чии песни во последно време се вистински хит во регионот своите први чекори во музиката ги направи уште во 2005 година.
Младеновиќ во едно од своите последни интервјуа призна дека во исто време кога се обидувала да се пробие во светот на музиката работела и на нива, но и дека на почетокот од кариерата настапувала и за само 500 денари.
„Точно е. Некогаш пеев и гратис за моите пријатели, роднини, сограѓани и кога бев на почетокот од кариерата. Тогаш 1000 денари, кога имав само 11 години, беа многу пари, изјави Александра во своето интервју. Таа зборуваше отворено и за пластичната хирургија и призна дека досега направила само една естетска операција, а на прашањето дали некогаш и се случила непријатна ситуација со гостите одговори негативно и додаде дека се случувало некогаш луѓето да бидат груби и безобразни, но и дека е таква нивната професија.
Александра е родена во Житораѓа, истото место од кое што е и Цеца. На прашањето дали понекогаш навистина може да собере бакшиш кој е поголем и од десет просечни плати, и тоа за само една вечер, таа го кажа следново:
„Што се однесува до мене – да. Може да се заработи и тоа многу добро, но прво мора и многу добро да се вложи“, одговори убавата пејачка на прашањето.