Кафе муабет

Поради него сакала да си го одземеме животот: Познатата фолкерка се исповеда за нејзината забранета љубов!

Се било со цел да ја заплаши мајка си...

Кралицата на народната музиката, Лепа Лукиќ често пати знае да открие пикантерии од својот живот, а овој пат откри љубовни детали кои досега не ги кажала во јавноста.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ
фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Имено, Лепа откри дека на 16 години се заканувала дека ќе си го одземе животот поради забранета љубов, се со цел да ја заплаши мајка си.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ
фото инстаграм/Лепа Лукиќ

– Бев смртно заљубена во едно момче на 16 години и сакав да се уб-ијам поради него, да се обе-сам во штала. Ја исплашив мајка ми, зошто не ми дозволи да го видам, и реков дека ќе скокнам во Морава, но всушност излажав – рекла Лепа и открила дека по неколку години, кога станала позната, повторно го сретнала тој тип и опиша како изгледала нивната средба.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ
фото инстаграм/Лепа Лукиќ

– Живее во Сремска Митровица, а јас бев на концертот таму. Кога излегов на сцената и го видов во првиот ред, се скамев. Тој дојде да ме види и да ме поздрави, нозете ми се отсекоа, не беа мои, но помина… Тоа беше во мојата младост, а јас веќе имав 30 години кога повторно го видов и од тогаш не го видов повеќе- изјави Лепа во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Уште една пикантерија која ја имаше откриено јавно, е неверството на нејзиниот сопруг.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Лепа Лукиќ неодамна го прослави својот 81 роденден. Таа гордо ги носи своите години а нејзиното добро здравје и младост се должи на нејзината весела природа, силниот имунитет и генетиката што ги наследила од нејзината мајка.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ
фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Лепа за време на својата кариера беше позната како дама без влакна на јазикот, па во лице го кажуваше сето она што го мислеше. Таа беше во брак со поп-менаџерот Владо Перовиќ а нивниот брак заврши неславно во моментот кога Лепа го фати како ја изневерува во нивниот дом. Пејачката ја опиша ситуацијата кога ги најде Владо и неговата љубовница во кревет.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ
фото инстаграм/Лепа Лукиќ

– Реков дека одам во странство десет дена да пеам. Ме одведе до аеродромот. Се бакнавме. Јас, како наводно, заминав, но се вратив истата вечер. Ги најдов додека се соблекуваа во спалната соба. Неа ја избркав! Таа ме молеше да и ја дадам облеката, а јас не и ја дадов. После тоа и ја фрлив гардеробата по скалите и ја избркав надвор – рече Лепа во свој стил.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Таа зад себе имаше бурен живот, кој никогаш не го криеше од јавноста, но и покрај толку работи што се познати за неа, постои и нешто што речиси никој не го знае. А тоа е дека нејзиното вистинско име е Лепава Мушовиќ.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Покрај ова, за неа постои уште еден необичен податок – таа има два датуми на раѓање, Имено, родена е на 13 јануари, но бидејќи била зима, пријавена е дури на 16 и тоа и стои во официјалните документи, така што многумина го грешат нејзиниот вистински датум на раѓање.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Пејачката имаше мошне интересен живот, а не се сомневаме дека во нејзината биографија постојат и други тајни што би можеле да испловат во јавност.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close