Кафе муабет
ОВИЕ 3 ИЗЈАВИ НА КАРЛЕУША кажуваат многу за тоа што се случувало со Душко!
Пејачката на неколку наврати со своите изјави ги шокираше фановите...
Во домот на пејачката Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ вчера се случувала вистинска драма. Имено Карлеуша го пријави Душко за насилство, а неодамна новинарите во неколку наврати ја прашуваа за бракот со него.
По спектаклот за новогодишната ноќ новинарите ја прашаа дали Душко е горд на нејзиниот успех и концертот на кој присуствуваше.
– Мислам дека секој на негово место би бил исклучително горд, бидејќи не секоја жена го прави тоа што јас го направив. Секако најдобро е да го прашате – изјавила Јелена за Телеграф, но без суштински одговор.
Исто така, во новогодишното интервју со Јелена, на прашањето дали покрај смеа и солзи, имаше и романса во годината зад нас, пејачката одговори:
– Романтика… Па, не беше премногу романса. Неодамна се пошегував на снимањето на една реклама со Марија Шерифовиќ, ја нареков Гестапо, а всушност јас сум повеќе Гестапо. Јас сум исто како војник – ред, работа и дисциплина. На емотивен план се ми е многу обично и стандардно.
На прашањето дали би сакала нешто да се промени, во смисла на повеќе романтика или повеќе изненадувања, Карлеуша одговори:
– Не сакам изненадувања од тој вид, бидејќи медиумите потоа прават спектакл од тоа што дефинитивно не го сакам. Сакам да бидам смирена – сето тоа божествено, без изненадувања, само вака.
По смртта на Милутин Мркоњиќ, Јелена на Инстаграм објави порака за него и Ана Бекута, која допре до срцата на многумина.
И тогаш нејзините зборови ја заинтригираа јавноста, а сега прашање е дали таа откри како всушност се чувствува во бракот со Душко.
Таа тогаш, пишуваше за љубовта на Ана и Милутин, истакнувајќи дека Бекута го има она што Јелена отсекогаш го посакувала.
– Ме запозна со Мрка, беа толку среќни, заљубени до последниот ден како тинејџери, секогаш се држеа за рака, ми се јавуваа на телефон заедно да коментираме и да се смееме… Одеше секаде со неа, ја поддржуваше во се, заштитуваше и гледаше со гордост! Се воодушпевував кога ги гледав, затоа што во животот секогаш ми недостасуваше тоа. Тој се гордееше со неа, а таа со него! – напиша тогаш Јелена.
Инаку по целата драма се огласи и Душко Тошиќ кој истакна дека не ја ни допрел неговата сопруга која го пријавила за насилство.
Фудбалерот Душко Тошиќ (36), потврди дека дошло до кавга меѓу него и пејачката во нивниот семеен дом на Дедиње, но Тошиќ во својата изјава ги негирал наводите за физичко насилство.
Тошиќ на инспекторите во полициската станица Савски Венац им рекол дека е шокиран бидејќи Јелена пријавила такво нешто во полиција.
-Јелена не ја удрив, не ја ни допрев, единствено е вистина дека се расправавме. Во брак сме долго време, јас сум посветен сопруг и татко. Најтешко ми е што наместо денес да бидам со децата и да го поминам празникот дома, поради пријавата на сопругата сум во ситуација да седам во полициска станица. Шокиран сум од тоа што ми се случува, не можам да разберам што ми се случи – наводно рекол Душко, кому полицијата му изрече мерка забрана да и се приближува на Јелена во следните 48 часа.