Кафе муабет

Еве што се случило во домот на Карлеуша и Душко пред Јелена да повика полиција!

Наводно Даушко ја нападнал на семејниот ручек...

Душко Тошиќ и удрил шлаканица на Јелена Карлеуша – ова беше ударна вест вчера, а наводно се се случувало во нивниот семеен дом на Дедиње.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Пред да се случи немилиот настан, Јелена како и секој ден била на гробот на нејзината мајка Дивна, а потоа се вратила дома на семеен ручек со роднините. За време на божиќниот ручек, парот наводно жестоко се скарал, што кулминирало со плукање на Јелена, Душко ја плукнал во лице и ја удрил пред сите.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Некои пријатели блиски на парот тврдат дека ова не е прв пат да се случуваат непријатни сцени во нивниот дом, а Јелена со години се обидува да ги прикрие проблемите во бракот.

Откако беше сослушан, Душко Тошиќ доби 48-часовна забрана за приближување и комуникација со Јелена, објавија медиумите, а обвинителството ќе одлучи дали ќе ја продолжи ваквата одлука.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Ова не е прв пат пејачката да го пријави сопругот во полиција поради семејно насилство. Јелена пред две години го обвини и пријави сопругот дека ја претепал во нивниот стан на Дедиње, но подоцна се предомислила и не сакала да го гони.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Полицијата потоа излегла на местото на настанот и разговарала со неа. Според тогашните извори на медиумите, пејачката изјавила дека нејзиниот сопруг психички ја малтретирал, дека ја нападнал, како и дека и ја вртел раката. Но, таа не сакала да биде повикана брза помош, ниту да поднесе пријава против Душко.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Полицијата разговарала и со Душко, кој тврди дека тој физички не ја нападнал Јелена, туку дека разговарале за бракот бидејќи имаат несогласувања. Против него не е поднесена кривична пријава, но тој и Јелена биле предупредени дека ќе одговараат доколку инцидентот се повтори, објавија тогаш медиумите.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Да потсетиме, Карлеуша и Тошиќ се венчаа во 2008 година, кога ја добија првата ќерка Атина. Една година подоцна, тие станаа родители на уште едно девојче, помалата ќерка Ника.

Таа е заслужна за опстанок на бракот!

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Иако со својот новогодишен концерт ги подигна високите стандарди на шоу-бизнисот на овие простори, Јелена Карлеуша сепак најмногу ја интересира публиката како сопруга и мајка.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Токму во такво светло Јелена зборуваше во новогодишното интервју за „Ало!“ каде открила дека како мајка е многу посветена, а како сопруга дефинитивно е заслужна за опстанокот на бракот.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Се додека сум во брак, тоа трае само затоа што го задржав. Жената е столб на секое семејство. Сите жени на Балканот се борци од тој вид, ми се чини – изјави Јелена.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена на овој начин стави крај на сите пишувања за тоа како нејзиниот брак е во криза, но откри и дека за неа врската со Душко е нешто свето и нема место за развод.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close