Кафе муабет
Нема да верувате каде работи ќерката на Драгана Мирковиќ- родителите „спијат на пари”, а таа …
Марко студира економско право, а Мануела завршува средно образование и работи на рецепција во Рико - рече Драгана...
Познатата пејачка Драгана Мирковиќ, која поседува милиони и живее во вистински замок во Австрија, успеа да ги сокрие своите деца од очите на јавноста.
Таа сега по долго време реши да зборува за ќерката Мануела и синот Марко, а ја шокираше јавноста со изјавата колку нејзините деца се скромни.
– Моите деца се најнормалните деца на светот, кои имаа нормално детство и беа одлични ученици. Марко студира економско право, а Мануела завршува средно образование и работи на рецепција во Рико – рече Драгана.
Драгана потоа се осврна на пријателството со холивудскиот актер и истакна дека Ван Дам е многу запознаен со нејзината кариера и дека таа се запознала и со неговото семејство, а разговара и со неговата мајка.
– Ван Дам е неверојатен човек, многу го сакаше моето семејство и ние сме одлични пријатели, а нè претстави и на сопственикот на Fashion TV. Луѓето од светскиот џет-сет се многу поприземни од нашите. И Ван Дам знае повеќе отколку што треба за мојата пејачка кариера – изјави Драгана во емисијата „Прв ред“.
Инаку Драгана Мирковиќ води убав и среќен живот, онаков каков што отсекогаш го сонувала.
Таа кога ќе се изгаснат рефлекторите е сосема нормална жена која ужива во својот брак со Тони Бјелиќ.
Нејзиниот сопруг е успешен бизнисмен, а таа една од најпознатите пејачки, па за нив луксузните патувања се секојдневие.
Нема егзотична дестинација на светот на која што не биле досега, каде секогаш престојуваа во најскапите хотели.
Тие се дружат со светскиот џет сет, но кога се дома, и двајцата се како и сите нормални луѓе.
Впрочем тоа го откри и нејзината куќна помошничка која во една пригода за медиумите изјави дека пејачката не ја удриле парите во главата. Таа останала нормална и стабилна личност и покрај целото богатство што го има, а кон својата куќна помошничка била секогаш грижлива.
Пејачката својата куќна помошничка ја водела со нејзиното семејство на нивните заеднички патувања, а на нејзиниот син и купила автомобил и се потрудила да имаат се’ што им треба, изјави таа за еден талбоид.
Впрочем и самата пејачка не ретко знае и самата да покаже дека ужива и кога не е опкружена со луксуз.