Дом и семејство
Не сте ја виделе во вакво издание: Јелена Ѓоковиќ го носи најмодерното парче за оваа година- сите коментираат за оваа промена
Ги доби сите пофалби...
Јелена Ѓоковиќ можеби е една од најкоментираните сопруги на спортисти кога е во прашање стилот.
Таа е позната по својот одмерен стил кој по потреба варира од деловен до елегантен до целосно кежуал, но сепак е наклонета кон минимализмот и покласични модни парчиња.
Јелена во една прилика откри и дека нема проблем со тоа едно парче облека да го носи повеќе пати доколку неа и се допаѓа и наиде на критики од фановите на Ноле.
Неодамна на својот Инстаграм профил сподели кратко видео од снимање, а на истото видео може да се види како позира совршено облечена па многумина се согласија дека ова е едно од најубавите нејзини изданија.
View this post on Instagram
Сопругата на Новак најчесто ја гледаме со едноставни, секојдневни фризури и без многу шминка, но овојпат блесна со полн сјај.
Косата и беше во раскошни локни а шминкерите одлично си ја завршија работата – розовиот кармин одлично и прилега.
Убавата белграѓанка за ова снимање избра многу елегантно, ефективно издание – женствен, атрактивен свилен комбинезон со дебели прерамки и ремен околу половината. Инаку, оваа креација доаѓа во прекрасна магента боја, која светски познатиот институт за бои Pantone ја прогласи за хит нијанса на 2023 година!
Инаку неодамна пејачката Милица Павловиќ откри дека се први сосетки со Јелена Ѓоковиќ и живеат во истиот елитен белградски станбен комплекс.
Тие со текот на времето се зближија, па не е чудно што пејачката беше избрана да придонесе со својата позната енергија на свадбата на братот на Ноле, Ѓорѓе Ѓоковиќ, која се одржа минатата година.
Така тие две подобро се запознале а пејачката била поласкана што настапила на еден ваков важен настан за семејството Ѓоковиќ.
– Многу ми е драго што бев дел од таа убава приказна и верувајте првите две песни се преправав дека сум дама. Подоцна толку многу уживав и си поминав како да не сум дошла да пеам – рече Милица и потоа одговори на прашањето што мисли за сопругата на Новак Ѓоковиќ.
-Кога дојдов во Белград, пријателите ме прашаа каква е Јелена. Она што можам да го споделам со вас е дека жената има некаква енергија што не можете да ја игнорирате, многу специфична, пријатна, но… многу ми се допаѓа – изјави Милица за Блиц.