Кафе муабет

ПАНДЕВ: ,,Плачев за Македонија’’ – НА ЕВРОПСКО ОТИДОВМЕ СО ДРЕСОВИ СТАРИ ДЕСЕТ ГОДИНИ

Пандев: ,,Плачев за Македонија и за се’ што се случува со ФФМ...

На чело со легендата на македонскиот фудбал – Горан Пандев македонската фудбалска репрезентација дефинитивно испиша историја.

 

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Пандев кој  е еден од најзаслужните што Македонија доби шанса да игра на ЕП2020, а натпреварот против Холандија беше неговиот последен како играч на македонската репрезентација.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Иако многумина можеби беа растажени поради ова, сепак Пандев направи многу за македонската фудбалска репрезентација и ваквиот успех секако ќе се памети.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Фудбалерот во многу наврати знае да сподели фотографии од семејството кое му пружа огромна поддршка.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Неодамна, се одржа 26-тото издание на манифестацијата Златна бубамара на популарноста.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Македонската фудбалска легенда доби признание ,,Златна бубамара на популарноста’’ за спортска легенда.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Пандев во најновото негово интервју за емисијата Арена спорт заедно со Хрватот Марио Станиќ како водител, разговараа за актуелни теми поврзани со случувањата во македонскиот фудбал. Пандев со поранешниот играч на Челзи, зборуваше за состојбите во ФФМ и за слабата организација во федерацијата.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

„Односите се катастрофално лоши. Јас и пред Европското првенство кажував што мислам за ФФМ, дека организацијата е катастрофа. Ние отидовме на ЕП со стари дресови десет години. Од Италија ми бараа дресови, не знаев што да им кажам. Маркетингот е ужас. Мислев со пласманот ќе се сменат многу работи, дека ќе се инвестира во развој, ама ништо. Сѐ за лични интереси. Во Прва лига се откажува клуб пред почеток на сезона. Како да зборувам со човек кој не разбира фудбал? Едноставно не разбира. Никако не ми е сфатливо, никој од легендите како Митко Стојковски, Дарко Панчев, Милко и Бошко Ѓуровски, Чеде Јаневскии, ама баш никој да не е во ФФМ“, рече Пандев.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Поранешниот фудбалер на Лацио емотивно говореше за ситуацијата со фудбалот во Македонија , споделувајќи го неговото искуство.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

„Јас плачев за Македонија, а гледав што сè се случува. Гледаш менаџери работат, нешто што никогаш не можев да прифатам, дека мора некој да игра за да биде продаден. Како може тоа да го гарантираш. Десет пати зборував со претседателот, да играат најдобрите, ама сè беше хаос. Тотална катастрофа, ништо не функционираше, секој циклус нов селектор, а во еден циклус играа 50 фудбалери. Ние Италија ли сме? Mи велеа ти само одработи го своето. Но, не можев и тоа откажување ми беше најтешката одлука во животот“, искрено и отворено раскажува Пандев.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Инаку, , поранешниот капитен направи пауза од репрезентацијата во периодот меѓу 2014 и 2016 година, поради лошата организација и менаџирање со фудбалерите.

Фото:Инстаграм/Горан Пандев

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close