Кафе муабет
НАЈУБАВОТО ДЕВОЈЧЕ ВО СВЕТОТ: На две години почна да се шминка, мајка и и давала енергетски пијалоци, ја носела на солариум, ставала вештачки нокти и заби- еве како изгледа денес, ќе се изненадите!
Победи на многу избори за убавина...
Кога започна да се прикажува телевизиското шоу “Toddlers and tiaras”, не е доволно да се каже дека светот остана во целосен шок.
Во шоуто мајките ги пријавуваа своите ќерки кои беа принудени да влезат во светот на возрасните на многу мала возраст.
Иако е познато дека децата ги сакаат натпреварите за убавина во Америка, а многу мајки на нив гледаат можност да им дадат посветла иднина на своите деца, неизбежно е децата често да поминуваат низ вистинска тортура, се со цел да изгледаат „совршено“.
Солариум, вештачки нокти, коса, па дури и заби, кореографија, костими, вежбање по неколку часа дневно, се само дел од она што е потребно за да биде прогласена за „најубаво девојче или момче“.
И додека многумина не гледаа ништо лошо во вакво нешто, зад сиот тој гламур се криеше темната страна, а младата Иден Вуд тоа најдобро го почувствува на своја кожа.
Сигурно многумина го знаете ликот на оваа девојка. Изминатите години неколку пати победи на неколку избори за убавина, а беше прогласена за најубава девојка во цела Америка.
Нејзината мајка Мики ја воведе во светот на конкуренцијата кога имаше само две години, инсистирајќи русокосата Иден секогаш да биде дотерана, со совршена фризура, шминка и облечена во женски фустани од тул.
Мики сакаше да ја „зачува убавината“ на својата ќерка до тој степен што ја тераше да јаде само нискокалорична храна, а ја носела и на солариум и згора на се и даваше енергетски пијалоци секој ден за Иден да биде добро расположена.
Ваквиот начин и темпо на живот не се одразиле добро на здравјето на оваа млада дама – таа континуирано имала силни главоболки, а имала и дигестивни проблеми.
Подоцна на виделина излегла информација дека Мики често ја тепала ќерка си, за Иден да „создаде отпор на стресни ситуации“.
На крајот оваа мајка била предупредена дека мора да го промени своето однесување за државата да не и го одземе детето, а самата Иден решила да престане да се натпреварува кога наполнила шест години и ја освоила 300-тата титула!
Таа денес има 15 години, а се уште се занимава со манекенство, но во многу помала мера. Имаше епизодни улоги во неколку филмови, напиша автобиографска книга и се испроба во блогирањето.
Популарна е и на Инстаграм, каде ја следат речиси 70.000 луѓе, а истакна дека во иднина би сакала да се посвети на актерството и музиката и да има сопствен бренд на детска облека.
И покрај тоа што оваа тинејџерка донекаде успеала да се врати во нормалното растење, последиците од лишеното детство се трајни, што се гледа и по нејзиниот изглед, но и по начинот на живот кој не наликува на 20-годишна девојка.