Школо

Еве зошто постарите сестри се закон!

Тие се нашите најверни сојузнички

Без разлика дали мислиме дека е подобро да имаме постара или помлада сестра, сигурни сме дека во едно сите ќе се огласиме, а тоа е дека сите сестри се супер! Оние пак што имаат постара сестра знаат дека тие се најсупер. Еве неколку примери зошто е тоа така.

Нејзиниот плакар е подобар

Кога бевте мали најверојатно се лутевте што секогаш морате да носите старата облека која што претходно ја носела вашата сестра. Но во тинејџерски денови ќе сфатите дека всушност нејзиниот плакар е сјаен и дека во него постојат парчиња кои радо би ги носеле. И по долго време убедување таа на крај не може да ве одбие и да не ви ја даде нејзината омилена маица или фустан. Прекрасно, нели?

Постојано ве извлекува од проблеми

За ова не треба дополнително објаснување, нели?

Може да ве расположи во секунда

Со вас е од првиот ден и многу добро знае што ве растажува, а што веднаш ќе ви ја врати насмевката на лицето.

Таа е вашиот „пасош“ за излегување

Некои родители не дозволуваа да излезете навечер и да одите на вашите први концерти доколку со вас не е постарата сестра. Но затоа со неа немате проблем…

 

Секогаш е на ваша страна

Без разлика што постојано се расправате, во моментите кога ви е потребна потпора, таа секогаш е тука за вас.

Препораки

Close
Close