Школо

На девојче од пет години и ги yкpaдоа парите што ги штедеше за автомобил, па доби необичен повик од – Ферари!

Парите ги заработува продавајќи јагоди

Малата Мадисон Хјустон остана без своите 600 долари што ги штедела со месеци работејќи домашни работи и продавајќи јагоди откако кpaдец провалил во кафулето на нејзината мајка во Пимпам, Австралија.

Кpaдецот успеал да ја земе заработката на нејзината мајка од цела недела, но и парите на Мадисон кои што ги штедела за Ферари.

„Би те возела со моето Ферари да не ми ги земеше парите“, порача девојчето пред камерите на 7Newsa. Нејзината мајка Сара Деген се пожали дека ова е веќе шеста кpaжба во нејзиното кафуле.

„Најлошото е што вложив многу во работата и го жpтвував времето што можев да го поминам со своите деца“, изјави таа.

Сепак, приказната со малата Мади е со среќен крај.

Нејзината порака наменета за кpaдецот ја видоа одговорните во компанијата Ферари и одлучија да и ги надоместат 600 долари, истовремено остварувајќи и го сонот да ја повозат во еден од своите автомобили.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close