Кафе муабет

Нашата шармантна водителка го покажа трудничкиот стомак, но и како изгледа таткото

Александра одвај чека да стане мајка

Изгледа прекрасно

Поранешната водителка на кулинарската емисија „Брза кујна“, Александра Илиевска, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија на која во преден план е нејзиниот труднички стомак. Таа е повлечена во преубав фустан во впечатлива виолетова боја, преку кој носи тегет капут, а на целото издание му додаде „фенси“ нијанса со тоа што класичните парчиња ги зачини со на прв поглед не споиви модни додатоци – спортски патики и кожени ракавици.

Мораме да признаеме дека резултатот е прекрасен, а како изгледаше погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Еве што напиша таа во описот на фотографијата:

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм.

Во коментарите многумина и порачаа дека изгледа прекрасно, а една од нив е и нејзината колешка Елена Стојановска Јанковска.

„Прекрасна си“, и напиша таа.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Инаку, Ана откако објави дека е во блажена состојба, редовно гордо го покажува своето стомаче на Инстаграм.

Таа и претходно објави неколку преубави фотографии со пораки како и минува бременоста со кои ги воодушевува своите следбеници.

Некои од нив можете да видите во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Александра и Александар

Александра е во брак со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да се земат.

„Со Александар сме 16 години заедно и уживаме во љубовта. Благодат е во животот да пронајдете партнер кој ќе ви е поддршка во се. Тој е мојот најголем критичар и личност која секогаш е реалист, а јас сум сонувачот“.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

„Животот е компромис, во секој сегмент треба да се има разбирање и поддршка за нешто да успее, а љубовта се негува за да опстои долги години“ изјави убавата водителка во една пригода за нејзиниот сакан.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close