Кафе муабет
На Тања Савиќ конечно и ги вратија децата – се враќаат од Австралија, еве како изгледа со синовите
Пејачката конечно со своите синови
Напиша дека е среќна и насмеана со своите наследници
Пејачката Тања Савиќ конечно ги виде своите синови по година и половина и заедно со нив се враќа во својата земја.
„Ете не. Среќни. Насмеани. Конечно заедно! Белград пристигнуваме за точно 26 часови“, напиша Тања со нејзината препознатлива насмевка на лицето на фотографијата на која позираше со синовите Максим и Ѓорѓе.
Нејзините колеги ја поддржаа во коментарите и не ја криеја среќата што пејачката конечно е со своите најмили.
Само да потсетиме, Душан минатата година како што тврдеше пејачката ги однесе нивните синови во Австралија без нејзина дозвола.
Познатата пејачка од тогаш ги нема видено, а сега конечно може да се врати со нив од земјата на кенгурите.
И додека таа ужива со синовите, нејзиниот сопруг не е задоволен се надева дека наскоро ќе бидат повторно сите заедно.
Тој се огласи и во медиумите и порача дека им посакува среќен пат и дека ги сака сите повеќе од се и дека би сакал повторно да бидат заедно.