Кафе муабет

ИГОР ЏАМБАЗОВ ЕМОТИВНО: По Илина немам веќе време ЗА РАЗОЧАРУВАЊА ВО ЉУБОВТА

Џамбазов: Немам веќе време за разочарување и тагување по љубов...

Уште од мали нозе е на малите екрани, а веќе неколку децении се чини дека неговата популарност само се зголемува.

Фото/Принтскрин

Игор Џамбазов со актерството започнува да се занимава уште на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватролав Мимица.

Фото/Принтскрин

Потоа, на 12 годишна возраст ја игра улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играше главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

 

Фото/Принтскрин

По дипломирањето работел во Драмски театар, а потоа и во МНТ каде сè уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко.

Фото/Принтскрин

На само 12 години, во 1975 ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владеела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката, а се досега Игор може да се пофали со многу хитови зад него.

Фото/Принтскрин

Секогаш актуелен, интересен за јавноста и активен на социјалните мрежи.

Периодов бурно одекна веста дека Игор Џамбазов и неговата последна љубов – планинарката Илина Арсова не се повеќе заедно.

Фото/Принтскрин

Во последното негово интервју за Репортер Џамбазов искрено и отворено зборува за љубовта,семејството, приватниот живот, работата…

Фото/Принтскрин

,,Оваа година полнам 60 години и, едноставно, во животот веќе немам време за разочарување и тагување. Работата ми е единствената терапија”  – признава Џамбазов за Репортер.

Фото/Принтскрин

Емотивно се присетува и раскажува за неговиот татко – маестро Џамбазов.

Фото/Принтскрин

,,Токму маестрото знаеше да ми каже: „Синко, спомените се единствената оаза од која не можеме да бидеме протерани“. Мојот татко беше голем уметник и уште поголем човек. Не загуби само моето семејство, загуби музиката кај нас, загуби Македонија. А јас до крајот на својот живот ќе работам на тоа споменот за него да остане– вели Игор.

Фото/Принтскрин

Во однос на годините, животот и стареењето Џамбазов вели декаод староста нема бегање, и потребно е да оставиме нешто на овој свет по што ќе не’ паметат.

Фото/Принтскрин

 

Фото/Принтскрин

 

Фото/Принтскрин

 

 

 

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close