Кафе муабет
На Мирко Шијан му се заканува голема парична казна поради прославата за синот!
Мирко организираше раскошен огномет што одекна низ Сурчин, и неколку пати во текот на ноќта се слушнаа истрели...
Бојана Родиќ, свршеницата на Мирко Шијан, пред два дена на свет го донесе синот Зоран, а Шијан организираше прослава за раѓањето на наследникот, во неговата вила во Сурчин.
Прославата во семејството Шијан беше весела и разиграна а траеше до раните утрунски часови, што може да се види на бројни клипови и слики на социјалните мрежи.
Исто така, можевме да забележиме дека Мирко организираше раскошен огномет што одекна низ Сурчин, и неколку пати во текот на ноќта се слушнаа истрели.
Според Законот за јавен ред и мир, употребата на огнено оружје не е дозволена дури и при пукање во воздух, иако многумина тоа го прават на прослави.
Ова се третира како прекршок и се казнува со високи парични казни, но и затвор.
Доколку пукате со огнено оружје, како и од имитационо оружје, казната е од 100.000 до 150.000 динари. Се заканува затвор од 30 до 60 дена, под услов дека затворот е сигурен ако делото е сторено во група од три или повеќе лица.
За потсетување, ова е прво дете на Мирко и Бојана, а името Зоран го дадоа по покојнот татко на Мирко, Зоран Шијан.
По тој повод се огласи и мајката на Мирко, пејачката Гоца Божиновска која посочи дека на овој потег особено би бил горд нејзиниот покоен сопруг.
Таа стакна дека во наредниот период започнува со снимање на нови песни, но дека ќе помага околу внукот онолку колку што ќе и наложува слободното време.
– Оваа среќа не може да се опише со зборови, не сум при себе. Не можам да дишам колку што ми е полно срцето. Бабина радост, најубава среќа, мојот прв внук. Мојата Бојана ми ја даде најголемата радост, станав баба, нема посреќна личност на светот од мене – изјави Гоца за Телеграф Џетсет.
– Дете на баба, душо, мојот прв внук. Мојот Мирко стана татко, има ли поголема радост? Шијан сигурно би бил многу горд на него – рече Божиновска.
Гоца откри дека Бојана се породила по природен пат, и дека и таа бебето се одлично.
Малиот Зоран Шијан се роди со 3600 грама.