Бебе

Неверојатно истражување: Еве како пливањето помага за развојот на децата!

Бебињата -пливачи одеа на часови по пливање два часа неделно од нивниот втор или трет месец од животот до нивната седуммесечна возраст...

Многу родители се во дилема, за тоа кога е најдобро да го научат своето дете да плива а при тоа да не створат фобија и страв кај него.

Фото Илустрацја

Професорот Хермундур Сигмундсон и неговиот колега проф. Брајан Хопкинс од Универзитетот во Ланкастер спореди 19 пливачи и 19 бебиња од контролната група кои не знаеја да пливаат. Единствената разлика меѓу нив беше способноста за пливање. Сите други фактори како што се образованието на родителите и економскиот статус беа исти.

Фото Илустрацја

Бебињата -пливачи одеа на часови по пливање два часа неделно од нивниот втор или трет месец од животот до нивната седуммесечна возраст. Типичниот час вклучуваше помагање на бебето да изврши салто на пловечка перница, нуркање, скокање од работ на базенот и балансирање на раката на неговиот родител во водата додека фаќаа пловечки предмети.

Фото Илустрацја

Кога наполниле пет години, бебињата од двете групи поминале серија тестови како што се одржување рамнотежа, балансирање на едната нога, прескокнување преку јаже и фаќање мала платнена торба.
Истражувачите велат дека резултатите ги изненадиле.

Фото Илустрацја

“Видовме многу јасно дека бебињата кои беа на часови по пливање се подобри во вежбите поврзани со рамнотежата и способноста за фаќање предмети. Неверојатно возбудливо е да се види дека специфичната обука на мали бебиња има влијание врз подоцнежните способности во животот”, вели проф. Сигмундсон.

Фото Илустрација

Професорот Сигмундсон додава дека е едноставно изненаден од она што инструкторите успеале да ги научат  бебињата и како тоа оставило белег врз нивните способности пет години подоцна.

Фото Илустрација

Кога е најдобро да се започне со пливање?

“Најдобро е бебето да започне со пливање на рана возраст, кога има само неколку месеци. Се покажа дека пливањето има позитивно влијание врз физичкиот, менталниот, социјалниот и емоционалниот развој на детето, како и дека децата кои се занимаваат со пливање на рана возраст имаат развојна промена,  вели Ана Сршен, поранешна параолимписка пливачка сега инструкторка за пливање за бебиња и деца.

Фото Илустрација

“Бебето помина девет месеци во топла амнионска течност, така што пливање во вода во првите девет месеци е всушност престојување во позната и удобна средина која е стимулативна за бебето. Бебето е родено со многу рефлекси кои постепено исчезнуваат во текот на првата година на животот, и еден од рефлексите што трае 6 до 7 месеци е пливањето кој е сличен на движењето на жаба во вода. Ако го поддржуваме и стимулираме детето во вода, ќе се движи како жаба. Затоа важно е да започнете со пливање во првите шест месеци за да го искористите природниот рефлекс за да се движите низ водата “, објаснува Ана која е повеќекратен државен шампион и учесник на Параолимписките игри.

Фото Илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close