Кафе муабет
,,МИ ЛЕТААТ 30-ТИТЕ…’’- Пејачката Бојана Скендеровски го прослави 39-тиот роденден
Пејачката славеше роденден...
Неодамна ја промовираше нејзината најнова песна и покажа зошто треба да се цени и слуша македонска музика.
,,Ми треба’’ е насловот на новата песна на македонската популарна пејачка Бојана Скендеровски.
Новата песна која неодамна се промовираше во Скендеровски продукција е всушност продолжение на хитовите кои Бојана ги нижеше од месец јануари, годината што измина.
Песната ја има во две верзии македонска и српска.
Српската верзија на песната е ,,Докажи’’.
Бојана Скендеровски својата музичка кариера ја започна во 2002 година на изборот ,,М2 потрага по ѕвезда’’.
Неодамна таа одбележа 20 години јубилејна кариера, а наскоро најави и солистички концерт.
Низ текот на годините можевме да ја видиме и во улога на автор и водител на емисијата ,,Улица Македонија’’.
Неколку години е во брак со Васко Скендеровски кој е сопственик на ,,Скендеровски продукција’’.
Како круна на бракот ја имаат ќеркичката Искра и синчето Ѓорѓи.
Бојана, недамна го прослави нејзиниот роденден.
Семејството собрано во познат скопски ресторан, славеше за 39-тиот роденден на пејачката.
Мојата база,моето прибежиште,мојата фамилија….
Драги мои,толку љубов и убави мисли ми посакавте денес,навистина се чувствувам најбогата на светот!
Ми летаат 30-тите…оваа година 39,наредната ќе ја заокружам и прославам со некој голем настап заедно со Вас, напиша пејачката во описот на фотографиите кои ги објави на Фејсбук.
Среќен роденден Бојана!