Кафе муабет
Македонската фолк дива Благица Павловска на операција- објави и фотографија од болница, еве како се чувствува сега!
Добро закрепнува...
Познатата македонска фолк дива, 63 годишната Благица Павловска својата кариера ја започна при крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век.
Таа сега ги загрижи своите фанови кога објави дека на големиот празник пресвета Богородица во болницата 8-ми септември направила операција на десната рака.
Пејачката вчера посочи дека операцијата поминала успешно а и дека е премногу задоволна од тимот кој работел со неа.
Таа сподели и фотографија на која е заедно со докторите кои се грижеле за неа а може да се забележи дека пејачката одлично закрепнува.
-Најголема благодарност за успешната операција на десната рака и третманот на високо ниво на доктор Христов и доктор Талевски и на мојот животен ангел чувар др. Вики Толевска. Ви посакувам од срце долг живот и многу успешни операции и насмеани лица. После секое ваше успешно животно дело воедно голем поздрав до трауматологија и до сите доктори спремни за спас на човечкиот живот, напиша Благица Павловска на својот официјален Фејсбук профил.
Да потсетиме, Благица Павловска својот прв албум „Не можам да те заборавам“ го издаде во 1993 година, а истата година го издаде и албумот „Птичица“.
Павловска во текот на својата кариера настапуваше соло, но и како дел од групата „Четири грации“ каде покрај неа се и познатите македонски фолк-пејачки Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
Благица беше препознатлива по својот провокативен стил кој го негува уште од самото појавување на сцената.
Познатата фолк-пејачка има голем број хитови зад себе, а на почетокот од својата музичка кариера никого не оставаше рамнодушен со својот изглед.
На нејзиниот профил на социјалните мрежи се наоѓаат бројни фотографии од нејзината младост, но една од нив посебно подигна прашина. Таа на оваа фотографија позира седејќи на дрвен стол, облечена во фустанче, а во центарот на вниманието се нејзините нозе во црни хулахопки.
Како таа изгледаше некогаш но и како изгледа сега, во својата седма деценија од животот, погледнете во продолжение.