Кафе муабет

ЗА НИВ ЈАВНОСТА РЕЧИСИ НИШТО НЕ ЗНАЕ: Ова се децата на турскиот претседател и првата дама!

Конечно јавноста може да ги види децата на турскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емина, во брак се повеќе од четири децении.

фото слободен печат

Тие имаат четири деца, два сина Бурак, кој ретко се појавува во јавност, и Билал и двете ќерки Есру и Сумеје.

За нивните деца јавноста многу малку знае, бидејќи семејството ја држи својата приватност за себе. Но откако дојде на власт, новинарите а и јавноста почна да ги привлекува приватниот живот на претседателот на Турција.

Во 2014 година, Ердоган стана актуелен со своајта зјава која ја даде на свадбата на синот на еден од неговите најблиски соработници, бизнисменот Мустафа Кефели.

Тој зборуваше дека треба да се прават посилни напори за зајакнување на контролата на раѓањето, велејќи дека контрацепцијата може да пресуши цела генерација на луѓе.

 

 

-Едно или две (деца) не се доволно. Ако сакаме да го зајакнеме нашиот народ, ни треба подинамично и помладо население. Тоа ни треба за да ја доведеме Турција на ниво на современи цивилизации. Едно дете е синоним за осаменост, две за ривалство, три за рамнотежа и четири за изобилство.  Бог се грижи за останатото – рече тој на венчавката.

 

foto politikus. ru

Татко на четири деца, два сина и две ќерки, Ердоган и претходно даваше предлози за ограничување на правото на абортус и апчиња за контрацепција, но таа изјава беше најжестока и на таа тема се зборува и денес.

Бидејќи тој има таков став кога станува збор за раѓање деца, многумина беа заинтересирани за тоа кои се тие и како изгледаат.

Есра Ердоган

 

Есра Ердоган е родена 1983 година во Истанбул. Таа завршила во гимназијата “ Kadikoy Imam Hatip High School ” во Истанбул, а во истото училиште биле запишани и Сумеје и Билал Ердоган.

Студиите ги започнала во Турција, а потоа го продолжила образованието на Универзитетот во Индијана, а потоа и на престижниот универзитет Беркли во Калифорнија. Таа е во брак од 2004 година со познатиот турски бизнисмен Берат Албајрак и имаат три деца.

Сумеје Ердоган

 

 

Помладата ќерка на турскиот претседател исто така е родена во Истанбул во 1985 година. А, образованието на Сумеја Ердоган се одвиваше најпрво во Турција, а потоа во Америка, каде што дипломираше на политички науки и социологија на Универзитетот во Индијана. Магистрирала на престижната школа за економија во Лондон.

Во 2006 година, нејзината венчавка со Селчук Бајрактар, на која присуствуваа околу 6.000 гости, беше проследена со големо внимание. Тие имаат едно дете.

Билал Ердоган

Неџметин Билал Ердоган има 39 години. Тој е во брак со Рејан Узунер од 2003 година и е татко на два сина, Али Тахир Ердоган и Омер Таип Ердоган. Завршил студии на Универзитетот во Индијана и има дипломирано на Факултетот за политика Џон Ф. Кенеди. Билал се најде во центарот на корупцискиот скандал во 2006 година, а обвиненијата на крајот беа повлечени.

Ахмет Бурак Ердоган

 

 

Најстариот син на турскиот претседател има 41 година. За разлика од неговите браќа и сестри, тој не студирал во Америка, но дипломирал на универзитетот Билги во Истанбул. Тој е успешен бизнисмен и е во брак со Сем Кетенци од 2003 година.

Извор и фото: bhdijaspora.net

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close