Брак

„Мојот најдобар пријател ме праша дали може да ја запроси својата девојка на мојата свадба“

Што мислите што му одговорив и што се случи?

Една необична исповед…

Минатата година, мојот најдобар пријател ме праша дали може да ја запроси својата девојка на мојата свадба.

Прво бев збунет, па потоа мислев дека се шегува, но кога видов дека е крајно сериозен се извадив од памет. Секако дека не му дозволив, бидејќи сепак тоа треба да биде мој ден и на мојата сопруга, нели?

Го прифати тоа без никаков коментар и во следниот период ниту еднаш не позборувавме на оваа тема.

Но на свадбата, за време на првиот танц, излезе на подиумот, клекна пред својата девојка и ја праша дали сака да се омажи за него. Таа веднаш се согласи, луѓето почнаа да и аплаудираат, сите се разнежија, им честитаа, а ние за време на нашиот прв танц не само што не бевме во преден план, туку жена ми толку беше разочарана што набргу по танцувањето дури и заплака.

Не можам да ви опишам колку и беше глупаво на мојата сопруга, а и на мене, како да ми падна небото врз главата.

Мојот пријател цело време се правеше како ништо да не се случува, а голем дел од гостите зборуваа само за нив.

Тој и неговата девојка набргу си заминаа од свадбата, среќни и весели, а јас и сопругата останавме покиснати.

Од тогаш решив никогаш повеќе да не се слушам со него, а кога и да ги сретнев не сакаше ни да ме погледне од срам.

И ден денес се прашувам зошто го направи тоа и од каде толку злоба кај некои луѓе, да ви го уништат и најубавиот ден во животот?

Ова е една исповест на која налетавме на еден форум, па сакавме да ја споделиме со вас и да ве прашаме што мислите за овој случај?!

Погледнете и неколку интересни венчаници од познатите брендови за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close