Кафе муабет
Македонската „Пинк ѕвездичка“ го изговори своето судбоносно „да“ – се омажи во ТАЈНОСТ, блескаше со трудничкиот стомак во венчаницата
Трудничкиот стомак во преден план – еве како изгледаше пејачката Антониа Гиговска на својата венчавка
Бремената пејачка блескаше во раскошната венчаница од тантела, а првите фотографии од венчавката ги преплавија социјалните мрежи.
Поранешната македонска „Пинк ѕвездичка“, Антониа Гиговска, на социјалните мрежи откри како изгледала на венчавката.
Таа објави неколку фотографии од тајната венчавка со нејзиниот колега Роберт Спасенцовски и откри дека го кажале своето судбоносно „да“.
Под фотографиите направени од македонскиот фотограф Стефан Соколовски таа напиша дека е официјално мажена, а го откри и датумот кога го направила тоа (30.04.2023). Таа за оваа посебна пригода носеше тесна венчаница од тантела со која го истакна својот труднички стомак, додека нејзиниот избраник носеше сако и панталони во кафеава боја и бели патики.
Потсетуваме, Гиговска ги изненади сите кога пред само неколку месеци објави дека е во блажена состојба.
Таа по објавувањето на оваа вест реши да се повлече од настапите и музичката сцена, но не и од објавување на фотки.
Имено, таа преку социјалните мрежи речиси секојдневно комуницира со своите обожаватели. Од нејзините фотографии можеме да видиме дека ужива во бременоста и дека одвај чека да се оствари во улога на мајка.
Тоа можевме да го забележиме и неодамна кога позираше во црно од глава до пети, а со трудничкиот стомак во преден план.
Гиговска едноставно блескаше во ова свое издание, зачинето со нејзината широка насмевка со која ги освојува сите.
Па, како Гиговска изгледаше во тесната венчаница со долги ракави, но и во своите останати изданија, погледнете во галеријата…
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска