Кафе муабет
МАЖИТЕ ЛУДУВАА ПО ОВАА АКТЕРКА А СРЦЕТО И ГО ОСВОИ ЗДРАВКО ЧОЛИЌ- За неа ја напиша најубавата љубовна песна
И денес е голем шармер...
Здравко 18 години е во хармоничен брак со сопругата Александра, но многу познати дами лудуваа по него, а една од нив е актерка.
Пејачот за својата поранешна љубов – актерката Јасна Орнела Бери, ретко зборуваше во јавноста.
Двајцата се заљубиле еден во друг во Сараево, а деталите од нивната врска еднаш ги открила Јасна.
– Дел од моето срце секогаш ќе биде резервиран за него – изјави Јасна во една емисија.
– Се сретнавме за прв пат по војната во Белград, тоа беше многу трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма и денес. Пред се, тој е добар човек. Чола на неа и ја посвети песната „Noc mi te duguje“, која сам ја напиша.
– Не можам да кажам дека се забавувавме или бевме во врска. Тоа е посебен однос, кој продолжува и денес. Сè уште е љубов што не можете да ја помилувате и да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј – истакна Јасна.
Таа глумеше во филмовите „На пат“, „Грбавица“, „Нафака“, но и „Во земјата на крвта и медот“ во режија на Анџелина Џоли.
За него може да се каже дека е како виното, колку е постар толку е поубав.
Едноставно на некои луѓе годините не им можат ништо, па така Здравко на свои 70 години се уште е фраер по кој лудуваат жените.
Минатата година по повод роденденот на нејзиниот татко неговата ќерка Уна Чолиќ сподели во јавноста досега не видени фотографии.
Наследничката на Чолиќ покажа приватни слики, кои јавноста досега немаше можност да ги види, а на нив гледаме среќни семејни моменти.
– Среќен роденден на најдобриот татко на светот! – напиша Уна во описот на фотографиите.
– Те сакам повеќе од сè! – додаде таа.
Здравко Чолиќ, најголемата музичка ѕвезда во поранешна Југославија, роден е на 30. мај 1951 година во Сараево.
Својот прв настап го имал на натпреварувањето за пеење во 1967 година, а својата соло кариера ја започнал на крајот на 1967 година, со песната „Sinoć nisi bila tu”.