Бременост
Луна Џогани ги спакува куферите и замина: По загубата на бебето го напушти семејниот дом!
Луна отиде да одмори во Златибор...
Најпознатите јутубери во регионот, Луна Џогани и Марко Миљковиќ пред неколку дена ги растажија своите фанови кога ја соопштија веста дека го изгубиле бебето.
Имено, Луна истакнала дека срцето на бебето престанало да чука во 12-та недела, како и дека згрешиле што веднаш споделиле со сите дека е бремена.
По оваа ситуација која особено ја погоди Луна, парот решил да го напушти Белград, и да одморат на неколку дена, па мирот го нашле во Златибор.
Тие отпатуваа со ќерката Миа и пријателите, а Луна фотографијата веднаш ја сподели на социјалните мрежи.
Дојдете на свеж воздух“, напиша Луна во описот на фотографијата.
Побарала помош од стручно лице!
Поранешната реалити ѕвезда тешко ја поднесе загубата на своето бебе. Со неа е сопругот Марко Миљковиќ, семејството и пријателите.
Со оглед на тоа дека никогаш досега не била во ваква ситуација, советите на психологот многу и помогнале.
Нејзина блиска пријателка и препорачала да посети психолог, па Луна која е во очајна состојба, го послушала секој совет.
Среќната вест ја споделија со следбениците веднаш штом дознаа дека ќе станат родители по втор пат, но тажната вест ја соопштија дури кога Џогани беше подготвена за тоа.
– Спонтаниот абортус е болна состојба за секоја жена, без разлика дали веќе има дете или не. Ова за жал често се случува, а Луна почувствува голема тага. За да се вратат емоциите во нормала, обично е потребно повеќе време отколку што е потребно за физичко заздравување на раната, затоа и семејството на Луна е со неа, но и таа не го одбила советувањето од психолог – изјави за српски Курир нејзин близок пријател.
Луна се консултираше со експерт и јавно проговори за тешкиот период.
– Оваа бременост ја загубивме по 12 недели. Дознавме неколку дена претходно, не сакавме веднаш да разговараме, нека помине малку. Така требаше да биде, помина некој вирус низ мене, така рече докторот, фетусот беше многу мал, жените што го поминале тоа знаат. Што и да се случи со мајката влијае на плодот, не бев добро, не знаев дека сум бремена кога отидов во Америка. Срцето престана да чука, фала богу, добро е што беше рано, пред да се формира – истакна таа.
Луна и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ ја објавија тажната вест на нивниот канал на Јутјуб.
„Сé и сешто направивме во 2021 година, но 2022 дојде да ни противречи, да ни каже дека ништо не е идеално“, изјави Миљковиќ.
– Можеби требаше да молчиме. Кога Господ повторно ќе не погледне, ќе објавиме следниот пат, но само кога ќе бидеме сигурни дека се е во ред – рече Марко.