Бременост

Во бременоста не јадете за двајца и не прескокнувајте го појадокот

Треба да ја промените исхраната, но не смеете да јадете небалансирано.

Дури и ако веќе внимавате и имате урамнотежена исхрана, во текот на бременоста потребно е да посветите посебно внимание. Посебно треба да внесувате витамини и минерали, како фолна киселина и железо. Треба да ја промените исхраната, но не смеете да јадете неумерено.

Во првото тромесечје на жените не им треба нешто повеќе калории од претходно (ако поради мачнините во почетокот жените губат килограми), во второто тромесечје ви требаат 300 калории повеќе дневно, додека во последното ви требаат 450 калории повеќе.

Во случај жената пред бременоста да имала проблем со килажата, потребно ѝ е помалку или повеќе калории, во договор со лекар.

Запаметете: Не треба да јадете за двајца!

Многу жени во текот на бременоста тежнеат кон одредена храна, а ретки се оние кои може да поминат без чоколадо, слатки работи и брза храна.

Бремените жени треба да си воспостават таков ред така што нема да го прескокнуваат појадокот и ќе консумираат здрави работи за грицкање. На пример, наместо сладолед може да земете смрзнат јогурт, минерална вода наместо газирани пијалаци, овошје наместо бонбони, круг од банана наместо колачи, какао наместо чоколадо…

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close