Кафе муабет
Лазиќ со новата девојка го прослави својот 31-роденден: Се појави Катарина и направи “хаос”- еве зошто сите гледаа во неа
Таа е вистинска убавица...
Пејачот Дарко Лазиќ го прослави својот 31 роденден во познат новосадски клуб во друштво на својата нова девојка Катарина и блиски пријатели.
Лазиќ е познат како некој кој сака убаво да се забавува, а овој пат не штедеше пари за да го прослави роденденот.
Се изобилуваше со храна, пијалок и луксуз, а гостите беа видно расположени уште од самиот старт.
Катарина се појави во црн фустан со длабок шлиц кој целосно ја истакна нејзината извајана фигура, високи потпетици и елегантни ракавици на рацете, а Дарко се потруди да се вклопи во стајлингот на новата девојка, а сите ги воодушеви со црна елегантна комбинација.
Се зборуваше дека Дарко бил дарежлив кога е во прашање подарокот за роденденот на Катарина, а она што се знае е дека и таа го одврза ќесето и на пејачот му приреди незаборавно изненадување, но и скап подарок.
Да потсетиме, Дарко и Катарина беа во врска пред 13 години, а како што истакна Лазиќ, нивното обновување на врската било судбина. Парот не ја крие среќата и љубовта, а не е исклучена можноста наскоро да стапнат на лудиот камен.
Таа е негова прва љубов…
Дарко Лазиќ како и половина естрада пред два дена се појави на свадбената прослава на Вања Мијатовиќ со неговата нова девојка Катарина.
Дарко беше расположен до моментот кога новинарите го прашаа зошто не дошол на закажаниот настап.
-На младите им посакувам се најдобро. Дај Боже да сме следни. Тренирам секој ден, секогаш сум во форма за неа“, рекол Дарко Лазиќ, а потоа се изнервирал од прашањето за настапот што го пропуштил.
„Бев дома, имав здравствени проблеми, штом немам телефон, сите мислат дека сум исчезнал, не мора постојано да бидам на телефон. Не можам да зборувам за тоа, сега се е во ред, тој настап ќе го оправдам друг пат“, изјави Лазиќ и додаде дека не земал пари од настапот.
Можеби овој пат пејачот ќе има среќа со оглед на неговиот турбулентен љубовен живот. Неодамна во една емисија пејачот на прашањето дали има некоја одговори:
– Имам секако. Често сум во врска, не сакам да бидам сам, но овој пат сум со девојка, која ја познавам 13 години – одговори Дарко Лазиќ и додаде:
– Катарина е девојка со која бев во врска пред 13 години една година и еве сме повторно заедно. Се забавувавме кога јас имав 18, а таа 19. Мислам дека тоа е судбина.
Многумина беа заинтригирани и шпекулираа дали пејачот конечно ќе се смири?
– Едноставно сфаќаш дека она што прво си го имал и си го сакал, таа страст траела некаде потисната и дека после 13 години се среќаваме и почнуваме одново и дека страста е поголема од било кога. Тоа е малку сериозно за мене. Иако Катарина не ми верува, таа го чувствува тоа, ја чувствува страста. Сите 13 години ми се во срцето – изјави Дарко.