Кафе муабет
Која е куклата од Трст за која пееше Здравко Чолиќ: Откриена голема тајна за хитот „Пусти, пусти моду“
После долги години се дозна за кого пеел...
Здравко Чолиќ во својата богата музичка кариера испеа многу песни во кои се споменуваат женски имиња.
Многумина се прашуваат дали Чола ги посветил своите песни на одредени жени, дали тие навистина постоеле и дали имаат некое подлабоко значење за текстот во кој се споменуваат.
Јулија, Емили, Наташа, Рушка, Јасмина, Кристина, се само дел од дамите за кои пееше, а многумина ги интересираше која е „куклата од Трст“.
Во текот на својата кариера, музичкиот великан не зборуваше многу за своите музи, а вистината за една песна вешто ја криеше од 1980 година.
Тогаш беше објавена неговата позната песна наречена „Пусти, пусти моду“, која стана регионален хит за многу кратко време.
– Девојка со бамбола – кукла од Трст, која е опеана во песната „Пусти, пусти моду“, 1959 година.
Само оваа негова песна е за вистинска жена…
Здравко Чолиќ, важи за еден од најпопуларните поп-пејачи во регионот, на сите времиња. Тој се уште со својот шарм привлекува и старо и младо, а до сега испеа многу песни во кои се споменуваат жени во неговата богата кариера, па ако се суди по тоа, може да се каже дека имал прилично повеќе жени во својот живот.
Се шпекулираше дека тој ги посветил сите тие песни на одредени жени, а потоа во една прилика открил дека само една негова песна е напишана за вистинска жена.
„Ниту една песна не зборува за вистинска жена, освен Кристина“, откри Здравко за „Glossy“, па објасни за која Кристина станува збор.
Здравко веќе 18 години е во складен брак со сопругата Александра, меѓутоа претходно, по него лудуваа многу познати дами, меѓу кои е и една актерка.
Пејачот за својата некогашна љубов – актерката Јасна Орнела Бери, ретко зборува во јавноста. Тие своевремено во Сараево како млади се вљубиле, а деталите за нивниот однос своевремено ги раскажа Јасна.
– Не можам да дали сме се забавувале или сме биле во врска. Тоа е посебен однос кој и натаму трае. Тоа и натаму е љубов која не може да се помилува и држи за рака. Здравко ќе остане секогаш сечиј и ничиј, истакна Јасна.
Таа глумеше во босанските филмови „На пат“, „Грбавица“, „Нафака“, како и во филмот кој го режираше Анџелина Џоли за војната во Босна „Во земјата на крвта и медот“.
Инаку пејачот често пати знае јавно да изјави дека неговата сопруга Александра од секогаш му била најголема поддршка. Сепак таа е секогаш жената од сенка и јавноста за неа многу малку знае. Од друга страна Здравко Чолиќ за неа говори многу малку, а се што ќе каже има длабоко значење.
Во едно интервју пејачот откри дека Александра имала блиска средба со негова обожавателка, што најверојано и тоа е една од причините поради кој одбрала да не се експонира во јавноста.
– Многу поминав и доживеав во животот. Еднаш мојата сопруга беше нападната од моја обoжавателка и ја расекла по улица. Сандра едвај се извлекла, среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но и ден – денеска се сеќавам на тоа. Мoјата сопруга други големи непријатности немала, бидејќи не се експонира не е таков тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста, рекол Чола во едно интервју.