Бебе

Кога е ладно и има снег оставете ги децата надвор- педијатрите советуваат децата да излегуваат барем половина час!

Не ги оставајте децата дома во затворено дури и кога е многу ладно

Д-р Милена Николиќ која е истакнат српски педијатар советува децата да ги носите надвор дури и во зима кога е многу ладно.

Таа посочува дека колку е постудено надвор, толку помалку патогени има во воздухот.

Немојте да мислите дека ќе го заштитите вашето бебе од настинка ако го чувате во затворен и претопло простор. Колку почесто го изведувате детето надвор, толку поздраво ќе биде, вели Милена и додава: Со пристигнувањето на зимските месеци и студените денови, многу родители се плашат да ги носат своите деца надвор поради настинки и болести. Парковите и игралиштата се празни, а децата повеќе играат дома и во игротеки каде што вирусите демнат во затворен простор.

Еве неколку совети за престој на отворено во текот на зимските месеци:

Бебињата до првата година можат и треба да останат надвор секој ден најмалку половина час, освен кога температурата на воздухот е под -10, кога има силен ветер, кога има магла, снежна бура и кога е многу влажно. Во сите други ситуации, се препорачува за деца до првата година да останат до половина час, а за постарите деца подолго. Ако е многу ладно, постарите деца можат да останат неколку часа во текот на денот по половина час.

Престојот на свеж воздух помага да се зајакне имунитетот и да се исчистат дишните патишта.

Престојот на дневна светлина го подобрува фокусот на очите и ги одмара очите.

За психолошки развој, важно е детето да има контакт со природата, да собира лисја и есенски плодови, да си игра со снег и да се санка.

Постарите деца поминуваат сè повеќе време дома, играат игри и гледаат телевизија. Овие промени доведоа до сериозно влошување на здравјето на децата, се повеќе деца имаат проблем со дебелина, зголемен шеќер или висок крвен притисок. Родителите многу работат и се плашат да ги пуштаат своите деца надвор сами. Ситуацијата е уште полоша во зима кога им е студено на родителите, па тие дури и не ги носат своите деца надвор.

Во британското списание „Гардијан“ беше објавен текст во кој се посочува дека денешните деца поминуваат помалку време надвор отколку затворениците. Најновите истражувања покажуваат дека секое десетто дете од Велика Британија не било во парк, шума или плажа изминатата година, а над 75% од децата поминуваат помалку од еден час на ден надвор, а во зима излегувањето паѓа на неверојатни 10 минути на ден и се сведува на носење на детето во училиште или градинка.

Како да го облечете детето во зима?

Ако надвор паѓа снег и е многу студено, добро е детето да има скафандер, однсоно водоотпорен костум и водоотпорни чевли или чизми. На малите деца им треба и шал, капа и ракавици, а доколку детето се навлажни треба да се пресоблече. Основното правило за облекување на бебе кога го изнесувате во зимските месеци е: облечете го детето онака како што сте облечени и вие, а на бебето му треба уште еден слој облека. Детето не треба да става ништо над лицето, добро е да дише слободно и да ги чисти дишните патишта на свеж воздух. Воздухот под шал се кондензира, па ако областа околу устата и носот на бебето е влажна, микроорганизмите полесно се развиваат. Важно е малите деца да не се прегреваат затоа што бебињата кога ќе се родат сè уште немаат целосно развиен центар за терморегулација.

 

За бебињата кои сè уште се во количка, топла зимска облека и ќебе се добра опција, така што на бебето може да му стане пријатно за време на прошетка. Ако почне носот на вашето бебе да тече додека сте надвор, не грижете се, кога ќе се загрее, треба да престане. Заштитете ја кожата на лицето и рацете кои се изложени на ладен воздух со крем прилагоден за зимските месеци, така што кожата нема да испука од студ и ветер.

Децата сакаат снег и уживаат да играат во снегот. Тие се многу вешти во уметничко лизгање и скијање кога ќе ги научат овие спортови уште од рана возраст, ќе немаат страв. Тие можат да лизгаат и да скијаат кога ќе наполнат четири години. Кога ќе започнат да лизгаат, треба тоа да го прават почесто за да го совладаат овој спорт. Децата немаат страв и се чувствуваат убаво учејќи нова активност.

Можете да го ставите детето на санка веднаш штом ќе научи да оди.

На почетокот, потребно е некој да ги чува на санка, а подоцна, како што растат, можат да го прават тоа сами. Не е страшно ако детето го удрат по лице со снег во текот на играта, тоа нема да настине, но децата дефинитивно треба да внимаваат да избегнуваат фрлање снежни топки во лице.

Дозволете им на вашите деца да играат во зима и на снег. Здравствените придобивки на децата кои излегуваат надвор во зима се долгорочни. Во затворен простор, особено игротеките, се погодни за развој на вируси, кои брзо се шират од едно на друго дете.

Извор: Moj pedijatar

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close