MAMA
Децата сега имаат ОЗБИЛНА КЛИНИЧКА СЛИКА отколку во првиот бран на коронавирусот: Родители, обрнете внимание на ОВИЕ СИМПТОМИ
Бебињата имаат и своја клиничка слика на рендгенска пневмонија
Во Детската болница на Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ во Србија, во моментов се примени 22 деца и пет бебиња кои имаат помалку од еден месец тие се позитивни и се лекуваат oд ковида-19.
Како што вели раководителот на болницата, д-р Оливера Остојиќ, за „Блиц“,од Нови Пазар ќе бидат испратени уште три новородени бебиња, за што останува да се утврди дали тие се позитивни на ковид. Овие бебиња се родени пред два-три дена. Таа исто така предупредува дека децата кои се лекуваат сега имаат посериозна клиничка слика.
– Некои од најмладите кои во моментов кои ги лекуваме имаат и други заболувања, двајца сериозни пациенти со хематункологија, кардиолошки и невролошки. Бебињата имаат и своја клиничка слика на рендгенска пневмонија, вели д-р Остојиќ.
ШТО ДА ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ СЕ ПОСОМНЕВАТЕ ДЕКА ДЕТЕТО ИМА СИМПТОМИ?
– Родители кои се сомневаат дека детето има симптоми има температура од 37,2 треба да оди на лекар. Тие не треба да доаѓаат во болници затоа што не правиме тестирање. Тие треба да одат во Здравствениот дом и треба да имаат тријажа, тест, како и препишана прва терапија и да утврдат дали детето е за болничко лекување или не – вели д-р Остојиќ.
Во Бразил се опорави петмесечно бебе, беше во кома 32 дена поради КОВИД-19
Откако помина месец дена во индуцирана кома поради ковид-19, петмесечно бебе од Бразил се врати дома каде што за две недели ќе го прослави шестиот месец од раѓањето.
Неколку месеци по раѓањето, на детето по име Дом му е дијагностициран ковид-19 во болницата Про-Кардиако во Рио де Женеиро.
Во болницата поминал 54 дена, од кои 32 во индуцирана кома и на респиратор, изјави за СиЕнЕн таткото на Дом, Вагнер Андраде.
„Имаше потешкотии со дишењето па лекарите сметаа дека станува збор за бактериска инфекција. Но лековите не дејстуваа и сѐ се влоши. Тогаш ја и мојата сопруга одлучивме да го однесеме во друга болница и таму го тестираа. Беше тоа коронавирус, раскажа таткото.
Останува нејасно како Дом се зарази. Можно е да бил изложен во текот на посета на роднините.
„Мојата сопруга го забележа овој шум на крајот на неговото дишење. Повикавме неколку лекари и еден од нив рече да го снимиме. Откако го виде, ни рече веднаш да го однесеме во болница“, рече таткото.
Андраде и неговата сопруга Вивиане Монтеиро велат дека враќањeто на Дом е „чудо“. Не може да опишат колку се среќни и дека едвај дочекале бебето конечно да го однесат дома.
„Првпат ми олесни, и чувстував неверојатна среќа“, вели Андраде и додава дека биле во исчекување да им се брати бебето цели 50 дена.