Брак

Драг мој мажу, сакам да знаеш неколку работи…

Сопругот е голема поддршка во животот.

Драг мој мажу, сакам да знаеш дека мојата љубов кон тебе не исчезна, напротив, се зголемува секој ден се’ повеќе и повеќе, само што немам многу време за да ти ја искажам.

Сакам да знаеш дека секој ден се’ повеќе се грижам за твоето здравје и благосостојба. Не поминува ниту еден ден а да не помислам колку сум среќна со тебе. Доаѓањето на децата ми покажаа колку ми значиш кога си до мене.

Можеби понекогаш викам, плачам, се кријам и не сакам да ме допираш, но тоа не е зашто мојата наклонетост кон тебе се намалила, туку само сум исцрпена и барам некој да ме разбере. Сакам да знаеш дека твоето отсуство буди немир во мене, а кога ќе го слушнам твојот глас по напорниот ден, срцето ми се смирува.

Сакам да знаеш дека ја чувствувам твојата љубов и грижа за нас. Деновите не се исти како порано. Повеќе не можеме да се излежуваме во креветот зборувајќи си со часови, а потоа да заспиеме, но затоа ги имаме нашите мали ангели кои секој ден не’ полнат со енергија. По доаѓањето на децата животот ни се смени, но тоа даде основа на која се раѓа уште поголема љубов.

Не можев ни да замислувам колку ќе бидам среќна кога ќе можам да те наречам тебе мој сопруг. А сега го имам тоа и благодарна сум му на Бог.

Колку и да те критикувам што навечер не се будиш кога ќе довикне едно од децата, сепак, длабоко во себе посакувам да се одмориш, за утредента повторно да можеш да бидеш наш лидер, наша поддршка и наш поттик!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close