Брак

Жени, вие сте виновни што мажите ви се разгалени. Не правете го ова!

„Јас можам сама“, може да ви донесе многу негативности.

Психологот Михаил Лабковски, во едно интервју вели дека жените се виновни за тоа што нивните мажи се разгалени, затоа што нивните постапки негативно влијаат на карактерост на мажот и на неговото однесување. Тој дава примери за типично женско однесување, кое ги расипува мажите, па затоа, трудете се да ги избегнувате овие замки.

На пример, детето доаѓа во семејството. После првите неколку дена, кога сте возбудени и првичниот шок попушта, мажот ви вели: Душо, утре треба да станам рано за на работа, остави ме да спијам. Во 90% од случаите, жената тоа ќе го сфати здраво за готово и ќе направи се’ за мажот да се одмора, дури може да оди да спие и во друга соба.

Неговата логика е едноставна: тој го храни семејството и мора да се одмори. Зашто кога сопругот ќе оди на работа, самата жена ќе лежи во кревет со детето и ќе се одмора од непроспиената ноќ.

А тогаш, тој човек спие без никој да му пречи, зашто мора да се одмори, тој работеше. Ако пак мажот излезе со детето да прошета барем малку викендот, е тогаш ќе биде прогласен за херој. Но, дали жената е херој затоа што два пати на ден шета со бебето?! НЕ!

Жени, сфатете дека тоа дете не е ваше лично, туку заедничко!

Но, во оваа ситуација виновна е жената која на секој можен начин помага. Грешка е што толку се труди, па доаѓа до поделба – на едната страна се мајката и детето, додека на другата таткото.

Веројатноста дека таткото и детето во иднина ќе имаат биска врска, значително е сменета. Најстрашно е тоа што семејството го губи чувството на единство, на другарство. Ако мајката ги извршува сите задачи – тука нема поддршка од сопругот.

Ако се прашувате кога детето може да преспие со таткото и да остане тој да го чува? Одговорот е овој: Уште откако ќе стигнете од болница! Наранете го детето, ставете вишок млеко во фрижидер и правец на фризер или на шетање со другарките. Тоа што детето ќе биде час или два со таткото, носи корист за сите!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close