Новости
Водителката од Брза кујна брои ситно до породувањето – погледнете како изгледа идната мама
Шармантната водителка наскоро ќе се оствари во улога на мајка
Александра Илиевска ужива во бременоста
Познатата водителка наскоро ќе се оствари во улога на мајка, а од фотографиите можеме да видиме дека ужива во бременоста.
Александра заради бременоста го напушти кулинарското шоу „Брза кујна“ каде беше водителка цели пет сезони. Но таа не заборави на своите фанови, па редовно ги изненадува со интересни фотографии преку својот профил на социјалните мрежи каде во центарот на вниманието е нејзиното стомаче.
Таа наскоро ќе се оствари во својата најважна улога во животот, а како изгледа можете да видите во продолжение.
Од фотографиите можеме да видиме дека Александра изгледа прекрасно и дека одвај чека да го запознае своето бебенце.
Инаку, шармантната водителка во брачните води заплови со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да застанат на лудиот камен.
„Со Александар сме 16 години заедно и уживаме во љубовта. Благодат е во животот да пронајдете партнер кој ќе ви е поддршка во се. Тој е мојот најголем критичар и личност која секогаш е реалист, а јас сум сонувачот“.
„Животот е компромис, во секој сегмент треба да се има разбирање и поддршка за нешто да успее, а љубовта се негува за да опстои долги години“ изјави Александра во една пригода за нашите медиуми.
Погледнете уште неколку нејзини изданија кои би можеле да бидат совршена инспирација за сите идни мами.
А еве како изгледаше и пред бременоста…