Новости

“Крофничка моја”: Цеца сподели преслатка фотографија од внукот после бањање и ги разнежни сите!

Бабата Цеца обожава да поминува време со својот внук

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ не дека ужива и е пресреќна во улогата на баба.

Имено таа на социјалните мрежи често пати поставува фотографии од своето внуче Жељко кое го доби годинава, од нејзиниот син Вељко и снаата Богдана.

 

Бабата обожава да поминува време со внучето, но и да го фотографира, па така некогаш со него си игра, некогаш го заспива, некогаш го храни.

Цеца овој пат објави преслатка фотографија од малиот Жељко веднаш по капењето.

Бебето беше завиткано во бел фротир со капче.

„Моја крофна“, напиша Цеца покрај фотографијата.

Еве како изгледаше:

 

Пред неколку дена и Вељко сподели фотографија од неговиот син која го насмеа цел регион.

Имено тој го зеде својот син со себе во продавница, па сподели еден момент кој насмеа многумина.

 

Синот на Цеца Ражнатовиќ туркаше количка во продавницата, па покажа како неговиот син заспа а оваа глетка разнежни многумина.

– ‘Павам – кратко напиша Вељко.

Инаку наследникот на империјата Ражнатовиќ, се роди во јуни, а Богдана и Вељко се остварија во улогата на родители.

 

Бебето го доби името по покојниот татко на Вељко, Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Породувањето било со царски рез, а го извршил докторот кој ја породил Цеца со Вељко и Анастасија.

Погледнете уште неколку фотографии од преслаткото внуче на Цеца…

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close