Кафе муабет
Вака изгледа одмор од 35.000 евра- Анастасија покажа како ужива на Ибица!
Заедно е со семејството на своето момче...
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ веќе неколку месеци се во љубовна врска а сега отпатуваа на Ибица, од каде пејачката редовно објавува видеа на кои се гледа како си поминуваат.
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ одлучија првите денови од летото да ги поминат на море.
Двојката отпатувала на Ибица каде уживаат далеку од белградската гужва и бројните обврски.
Анастасија сподели видео со своите придружници, на кое се гледа во какви природни убавини ужива со Немања, па не е чудно што Гудељ издвоил дури 35.000 евра за престој во ова парче рај.
Ражнатовиќ и нејзиното момче уживаат „за сите пари“, а очигледно Немања знае како да и угоди.
Да потсетиме, Гудељ на Анастасија и го подари ова патување токму за нејзиниот роденден, од кое пејачката дефинитивно е воодушевена.
Со нив се и братот на Немања, Драгиша, како и неговата мајка Оливера и сестрата Вања.
Анастасија е во одличен однос со сите членови на неговото семејство, што може да се види и од заедничките фотографии што ги објавуваат на социјалните мрежи. пејачката реши да издвои неколку дена, да се одмори и да собере енергија што ќе и биде погребна за бројните летни настани.
Таа ужива во бањањето и сонцето, но не заборава и редовно да ги известува своите фанови и да им покаже како си поминува.
Често пати знае да сподели и фотографија на која изгледа провокативно во костим за капење и да измами воздишки кај сите.
Згодната Анастасија реши да покаже како изгледа кога одмора, па се снимаше додека лежеше на лежалката во „незгодна“ поза, „покриена“ само со костимот за капење со тенки ленти кои се мотаа по целото нејзино тело.
Пејачката го покажа своето извајано тело, па доби низа коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Да потсетиме, фудбалерот веќе некое време е во центарот на јавноста, бидејќи пред Анастасија го поврзуваа со пејачката од групата „Хурикејн“, Сања Вучиќ.
Освен тоа јавноста на големо се прашува како ја освоил младата пејачка и што ли поседува тој за да девојките лудуваат по него, а фотографиите на неговиот Инстаграм профил го даваат одговорот на сите овие прашања.
Не, само што е харизматичен, туку и одличен спортист кој поседува тело од милион долари.
Тој е атлетски граден и е сон на многу девојки, а Анастасија е вистинската среќа за него, бидејќи го освои најпопуларниот фудбалер во регионот, пишуваат српските медиуми.
И семејството на Гудељ има јасен став за Анастасија Ражнатовиќ.
Кога беше објавено дека ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ се забавува со фудбалерот, по крајот на врската од бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, многумина се запрашаа како се согласува Анастасија со најблиските на Немања.
Според она што го пишуваат медиумите, идната свекрва на Анастасија, Оливера Гудељ, по заедничкото дружење во Севиља, само го зацврстила позитивното мислење кое го имала за избраничката на својот син, а исто така и сестрата Вања и братот Драги го имаат истиот став.
Анастасија, инаку е една сосема приземна и пристојна девојка, а кога семејството Гудељ е во прашање не ни можеше да глуми ѕвезда.
Немања, покрај татко му фудбалер има израснато во богатство, а и самиот многу млад постигна голем успех, така што тешко дека некоја девојка може да гледа од висина.
Меѓутоа, Анастасија не е ни замислена, не глуми ѕвезда, бидејќи, без оглед на богатството, живеела еден сосема нормален живот, на што нејзината мајка Цеца отсекогаш инсистирала – тврди извор за „Свет&Скандал“.