Кафе муабет
Брена конечно се огласи за нејзиниот син Стефан и откри што се случува со него!
Пејачката тврди дрека се е во ред во нивното семејство...
Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ е една од темите што особено ја интригира јавноста.
Неодамна почнаа да се појавуваат разни шпекулации дека пејачката веќе не е во добри односи со синот, па Брена сега реши да се огласи во оваа прилика и да објасни дека во нејзиното семејство се е во ред.
За Стефан одамна не сме слушнале ништо во јавноста, дали бевте тажни што тој повеќе не се занимава со музика?
– Ја поддржавме неговата одлука повеќе да не се бави со музика. Ако сме способни да ги прифатиме одлуките на другите луѓе, зошто не би можеле да ги прифатиме одлуките на нашите деца. Важно ми е нашите деца да се среќни, а што ќе направат е прашање на нивниот избор, кој јас и Боба секогаш го поддржуваме – изјави Лепа Брена за „Стори“.
На прашањето зошто Стефан не се појавил на нејзината роденденска забава, дали е тоа како што се шпекулираше поради некое недоразбирање, таа вели:
– Со Стефан се е во најдобар ред, тој сега работи друга работа. Не се појавува на поголеми собири на луѓе за да не се зарази со корона. Тоа е единствената приказна што е релевантна. Се гледаме дома и се дружиме, сосема нормално – вели Брена.
Инаку неодамна повторно се актуелизираше темата за киднапирањето на Стефан Живојиновиќ по што се огласи и самиот тој.
Иако до сега избегнуваше да зборува за киднапирањето во медиумите, сега реши да открие се што памети од тој болен настан.
29 годишниот Стефан Живојиновиќ по кратката и доста успешна пејачка кариера се повлече од јавноста и моментално живее во странство. Некогаш избегнуваше да разговара со медиумите за киднапирањето, но во една прилика откри дека, кога ќе се сети на се, има само едно чувство во сеќавањето – страв!
-Се плашев дека тоа ќе ми бидат последните денови од животот…Имав само осум години, но бев многу свесен за опасноста. Чувствував неопислив страв. Таму си каде што си, не знаеш што ќе се случи… Во еден момент само се помирив со ситуацијата, бидејќи сфатив дека не можам ништо да направам. Како и да е, научив една важна лекција од тоа страшно искуство, научив да го ценам секој ден и се трудам да го искористам максимумот, бидејќи никогаш не знам кој ќе ми биде последен. Генерално, ги надминав траумите, иако сите ние во семејството сè уште имаме некои стравови во срцето – рече Стефан.
– Колку е потежок вашиот пат, толку посилни ќе бидете! Глупаво ми е да го кажам тоа, кога животот ми беше главно мед и млеко, а киднапирањето е мојата најголема траума. Сепак, не сум јас виновен што се родив како син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ… Нема да ме паметат само по киднапирањето, туку по гласот, песните… Несакам било кој да ме сожалува, несакам да бидам мизерен – заврши Стефан.
По 21 година конечно беше обелоденето кој го сторил тоа дело.
Стефан беше киднапиран пред 21 година од Средоје Шљукиќ- Шљука водач на ѕвезден клан“.
Извесен Бојан Т. личен курир на Душан Спасојевиќ за српски Информер вели дека за откруп на малиот Стефан тогаш киднаперите добија 2,5 милиони германски марки. Според Бојан, тој ден, на Душан му се јавил некој од Владата и му рекол веднаш да го врати детето.
„Бев присутен кога од Владата го повикаа Душан Спасојевиќ и побараа веднаш да го врати малиот Стефан! Полуде, викаше дека нема врска со тоа! „Ќе му ја Е**м мајка му, тој ќе ме мести!“ Кога дозна дека тоа го направи Шљука наредил негова ликвидација“, вели курирот.
Според курирот, Спасојевиќ збеснал, викал дека никогаш не би земал пари за деца затоа што и самиот има деца, му рекол на тој човек од Владата.
Тоа киднапирање и денес е официјално неразјаснето, а за тоа никој никогаш не бил уапсен.
Потоа, се сеќава Бојан, Спасојевиќ повикал некој од Владата, па почнал да му вика и на него.
Викаше нешто како:
„Па што ти плаќам, ваљда треба да знаеш што се случува во овој град и кој го киднапирал синот на Брена, а не мене д аме бараат да го најдам детето. !“ Кога малку се смири. , ни рече: ‘Тоа го направи Шљука… И сега ќе му ја е*ам мајката!’ Веднаш му се јавил на Сретко Калениќ, кој дошол пред тоа од Нови Сад, па по нему и на Миле Луковиќ- Кум им рекол дека се организираат да го следат Шљука и да го „ликвидираат““, изјави Бојан.
Според него, „земунците“ почнале да го следат Шљука кон крајот на 2000 година, а требало да го уб-ијат на почетокот на 2001 година.
Но, нешто се искомплицира затоа што Шљука влезе во конфликт со некои Црногорци во ресторан, а потоа дополнително го зајакнаа обезбедувањето, што ја одложи ликвидацијата, па беше убиен дури на крајот на септември 2002 година во близина на Сава Центар…
Се сеќавам по убиството, Дуќа рече: „Еве му ја еб-а мајката, нека киднапира деца сега“.
Инаку, Дуќа немаше никакви допирни точки со Шљука до киднапирањето на Стефан, колку што знам, и мислам дека тоа беше главната причина поради која го уб-ил“, изјави Бојан.