Кафе муабет

Цеца откри што сака за Нова Година – пејачката има само една желба!

Пејачката посакува здравје љубов и среќа за сите...

Светлана Цеца Ражнатовиќ гостуваше во „Премиерa викенд – специјал“, па се наврати на годината во заминување, а потоа откри што очекува од 2022 година.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

– Убава година, се обидовме да излеземе од пандемијата и сите да живееме. Работев многу во текот на летото, но не е се исто. Ни недостига стариот начин на живот и спокојството кај луѓето – вели Цеца.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Конечно, таа ги откри своите желби за Нова Година:

фото принтскрин

– Не ми се случи годинава да снимам албум. Многу би сакала тоа да се случи, но и да отпатувам некаде. Многу би сакала Ушче да се повтори, ми недостига таа маса луѓе и енергија, не се опишува. Тоа искуство не се опишува – вели Цеца.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Сакам подароци, дали од Дедо Мраз, Анастасија, Вељко, не ми е важно. Да бидеме сите живи и здрави, да бидеме со нашите семејства, да ни е оваа 2022 година посреќна и попросперитетна. Да живее народот – рече Светлана Цеца Ражнатовиќ.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

На љубовен план може да се каже дека оваа година буквално и беше исполнета со љубов и среќа судејќи по нејзината широка насмевка.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

За потсетување, пред неколку дена Цеца Ражњатовиќ и Богдан Срејовиќ ја прославија годишнината  од љубовта, а прославата била на базенот во нејзината вила.

Пејачката и менаџерот не сакале голема прослава, туку Цеца организирала романтична вечера само за нив двајца, открива Информер.рс.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

– Иако многумина мислеа дека Цеца и Богдан ќе направат голема забава, тие двајца сакале својата љубов да ја прослават со интимна вечера.

Одлучиле тоа да биде покрај базенот во вилата на Цеца на Дедиње. Се откажаа од вечера во ресторан за да не бидат на мета на новинарите.

Сакаа да уживаат еден покрај друг, открива изворот близок до парот и додал- Цеца од својата готвачка нарачала посни јадења, бидејќи таа и Богдан го постат целиот Божиќен пост.

Нормалано дека подготвила и подарок, но не сакала да открие за што станува збор.

Фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

Цеца не крие дека по многу години конечно е среќна во љубовта. Заљубена сум! Па смее и Цеца да биде заљубена! Но не сакам да го експонирам приватниот живот.

И на другите луѓе им се случува љубов, зошто не и мене! И јас сум од крв и месо, рекла пејачката и додала дека секој ден ја слави љубовта со Богдан.

– На нас ни е секој ден како годишнина. Убаво ми е во врска, среќна сум и задоволна. И тој исто така. Тоа е најважно.

Иако го сака своето момче, Ражњатовиќ не планира да застане на лудиот камен. И таа и Богдан имаа прилика да бидат во брак и сфатиле дека таа хартија не е гараниција за ништо. – Зошто би се венчала?

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Харитијата само ја расипува среќата. Јас се омажив, видов дека тоа може да биде сјајно, преубаво, фантастично, но мене сега таа хартија ништо не ми значи. Сакам да се забавувам, искрена била фолк пејачката!

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close