Кафе муабет

ОГРАБЕНА РАДА МАНОЈЛОВИЌ: Украдени и се 150.000 евра- ова се луѓето кои и ги собраа парите на пејачката

Го смени менаџерскиот тим...

Пејачката Рада Манојловиќ неодамна направи драстични промени во животот и реши да ги смени соработниците.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Откако дознала дека ја крадат, решила да ја прекине соработката со тогашниот менаџер и на негово место да ја стави сопствената сестра.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Не е тајна дека Рада е една од подобро платените пејачки на поп музиката. Иако одамна нема издадено хит бидејќи самата вели дека не и се брза и дека чека да и се случи вистинската песна, за нејзините настапи се бара карта плус и таа е една од подобро платените пејачки – започнува изворот.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Кога Рада дознала дека нејзините соработници играат нефер била разочарана но и поради фактот дека дури добивала закани од луѓето кои ја украле!

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Меѓутоа, Рада дури сега, после една година, сфатила дека соработниците ја крадат и дека останала без многу пари! Буквално ја ограбиле, и украле 150.000 евра, можеби и повеќе. Многумина се обидоа да и ги отворат очите и да и дадат до знаење дека мора да го смени тимот на луѓе со кои работи, таа не сакаше да верува додека не ги фати на дело. Со свои очи видела дека не се работи за „крадење“, туку за сериозна кражба, па конечно решила да го растури стариот тим. Оттогаш нејзината сестра Маја стана менаџер кој ги закажува нејзините настапи и сега и двете имаат увид во сите работи. Инаку, да биде уште полошо, сите што ја украдоа, наместо да си ги подвиткаат опашките, толку се дрски што и испраќаат навреди и заканувачки пораки. Засега Рада не реагираше но доколку се повтори ова ќе ги контактира надлежните – заклучил изворот за „Скандал“.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Дека Рада е една од најуспешните пејачки потврди и самиот Саша Поповиќ директорот на Гранд, кој на неколку пати истакна дека таа е една од најбараните пејачки кои излегле од музичкото шоу Ѕвездите на Гранд.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close