Кафе муабет
БОЛНА ИСПОВЕД НА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: Изгубив две бебиња поради стрес
Не се откажа ниту кога и беше најтешко...
Во јавноста долго време се шпекулираше за бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, а популарната пејачка постојано ги демантираше наводите за кризата во нивниот брак a неодамна откри и колкав стрес преживува.
ЈК пред девет години одржа голем солистички концерт на Ушче, а после тоа пејачката истакна дека доживеала вистинска тортура.
Јелена Карлеуша откри дека на неа влијаеле сите напис против неа, во тоа време дека пеела пред мал број луѓе, дека било празно, дека се подарувале билети, како и многу други работи.
Она што никој не го знаеше е дека овој стрес доведе до тоа Јелена да доживее дури два спонтани абортуси.
– За две години изгубив две бебиња поради стрес. Сета таа количина на безумна омраза и зло, завист и злоба, ме погоди онаму каде што бев најслаба. Србија мене ми уби две невини суштества и тоа никогаш нема да и го простам. Кој вообичаено би простил? – рече еднаш Јелена.
Пејачката истакна дека секогаш се трудела и продолжила да го прави тоа.
– Тоа е затоа што јас сум првенствено професионалец, а потоа и многу горда како личност. Пеам и танцувам кога ме боли, кога сум болна и кога не можам – морам. Поради вас, затоа што ве сакам и го почитувам фактот што поради мене доаѓате на моите настапи и плаќате билети.
Сепак едно е сигурно дека Јелена каде и да се појави не може да остане незабележана.
Таа цели 27 години гради успешна кариера. Уште од самиот почеток мислењата за неа се поделени, некој ја сака, некој не, но таа е секогаш во центарот на вниманието.
Во својата долга кариера таа никогаш не се откажала и покрај тешките моменти и разните скандали. Таа важи за модна икона на овие простори и често поставува нови трендови.
Неодамна таа објави фотографија на која позира во раскошен цветен фустан, а под објавата ја отвори душата и призна колку тешки, но и успешни биле изминатите години и им се заблагодари на своите фанови за сета поддршка.
-Денес славам 27 години од мојата кариера! Што преживеавме и доживеавме сите заедно, драги мои… Успеавме, нели? А најдоброто допрва доаѓа! Многу сум среќна што наскоро ќе го слушнете мојот нов албум и се што ви подготвивме… Го заслужувате тоа бидејќи бевте со мене сите овие години а јас знам да го ценам тоа, напиша таа.
– Да, славам 27 години кариера. На денешен ден излезе албум за кој мајка ми позајми пари за да ми го исполни сонот. Таа веруваше и не погреши. За првите ТВ појавувања немав што да облечам, немав ниту за хулахопки, но бев решена да се соблечам и да успеам. Ниту една секунда не се посомневав. Колку борба, мачење, напади, неправда, болка, солзи, паѓање и подигање, додаде Карлеуша.
– Овие 27 години беа Viva la diva и All about diva, а сега доаѓа Алфа. Не знам обично, не знам мирно. Чудна сум и бурна, вечно неразбрана, но секогаш своја. Ви благодарам за првите 27 години патување“, заклучи Јелена.