Кафе муабет
Близначките кои се омажија со идентични близнаци родија момчиња: Објавија и прва фотографија од нив!
Сестрите близначки во 2017 година се сретнаа со Џош и Џереми со кои започнаа љубовна врска...
Идентичните близначки Британи и Бриана Деан отсекогаш биле приврзани една за друга, па дури и како возрасни.
Тие станаа вирален хит откако стапија во брак со дентични браќа близнаци.
Сестрите близначки во 2017 година се сретнаа со Џош и Џереми со кои започнаа љубовна врска.
Една година подоцна тие облечени во идентични облеки застанаа пред олтарот. Британи се омажи за Џош, а Бријана за Џереми.
“Нашите деца ќе бидат не само братучеди, туку и многу повеќе од тоа. Едвај чекаме да ги запознаеме”, рекоа тие по објавувањето на веста за бременоста.
Сега и двете родија момчиња со разлика од три месеци. Британи и Бриана Дин (33) ја споделија среќната вест на социјалните мрежи и објавија слатки фотографии на кои позираат со своите бебиња и сопрузи Џош и Џереми Салјерс.
Британи го објави раѓањето на нивниот син Џет Салјерс на Инстаграм на 21 јануари, а гордиот татко Џош не ја криеше својата среќа.
“Британи заврши одлична работа. Јас сум многу горд”, напиша тој.
Пред два дена, Бриана и Џереми го следеа нивниот пример и споделија фотографија од нивниот син Јах Салјерс.
“Јас сум многу горд на мојата прекрасна сопруга и на тоа колку добро се снајде. Беше многу силна и храбра и заврши неверојатна работа. Благодарен сум што нашите момчиња ќе растат заедно”, напиша Џереми.
Децата ќе живеат во заеднички дом а сите признаа дека се чувствуваат како да се едно семејство.
Нивната приказна привлече голем интерес во јавноста, особено откако сестрите останаа бремени во исто време.