Кафе муабет

Пејачката Татјана Лазаревска во сино – зелен фустан честиташе Божиќ од Австралија

Пејачката изгледа прекрасно...

Татјана Лазаревска е долги години дел од македонската музичка сцена, а зад себе има кариера на која може да ѝ позади секој пејач.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Кога ќе започне нејзината „Аце, аце” нема човек кој не е на нозе.

Зад себе има многу хитови без кои не може да помине ниту една свадба или семејна прослава.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Долги години е во брак со пејачот Новица Василевски.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Важат за еден од најскладните парови на македонската сцена.

Иако и во Македонија беа доста ангжирани и заработуваа, Новица и Татјана во 2015 година заминаа во далечната Австралија во потрага по подобар живот за нив и нивните деца.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Круна на нивната љубов се Стефан и Мартин, кои се нивна најголема гордост.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

На парот односно семејството дефинитивно му годи животот во Австралија.

Татјана е доста активна на социјалните мрежи и честопати објавува фотографии од секојдневието таму.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Неодамна пејаччката објави фотографии на кои  таа и Новица уживаат во џакузи, во опуштено издание, во костум за капење, а Татјана е седната во скутот на Новица.

 

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Романтични и опуштени тие празнично уживаат со насмевки на лицата.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Пејачката и во далечната Австралија остана посветена на верата и празниците. Токму на големиот христијански празник Божиќ, таа беше во црквата Света Недела во Австралија па од таму посака ,,Христос се роди’’ облечена во сино – зелен фустан.

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Објавата наиде на многу коментари од нејзините пријатели и фанови.

 

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Едно е очигледно, на Татјана и’ годи Австралија – изгледа прекрасно!

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Фото:Фејсбук/Татјана Лазаревска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close