Новости
Бил Гејтс за првите вакцини и теориите на заговор – имаме среќа што коронавирусот не е толку смрtoнocнa бoлест?!
Она што го кажа Бил Гејтс за вакцините ги шокираше сите – според него, задолжителното вакцинирање нема да го реши проблемот
Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, зборуваше за вакцините против вирусот корона, за теориите на заговор кои го засегаат, а кои се широко распространети и за тоа колку е опасен вирусот што ја предизвика пандемијата.
Гејтс досега инвестираше 350 милиони американски долари во развој на вакцини против коронавирусот и рече дека не верува дека пандемијата ќе заврши до крајот на 2021 година. Тој исто така додаде дека не верува многу во вакцините што ќе се појават први на пазарот.
„Првите вакцини нема да бидат идеални кога станува збор за ефикасност против болеста и трансмисијата. Можеби нема да има долготраен ефект и најмногу ќе се користат во богатите земји. Ќе бидеме среќни ако има доволен број до крајот на оваа година“ – рече Гејтс.
Кога станува збор за бројните теории на заговор кои го поврзуваат со пандемијата на новиот вирус, како и неговите мотиви да го финансира развојот на вакцината, Гејтс вели дека тие ги „искривиле неговите вистински мотиви“, затоа што тој „вложува пари за да спаси животи“.
„Тоа е чудно. Теоретичарите на заговор го зимаат фактот дека јас сум вклучен во развојот на вакцините и го превртуваат. Значи, во нивните теории, наместо да дадам пари за да спасам животи, јас давам за да одземам животи. Ако тоа влијае на луѓето да не сакаат да ја примат вакцината или да не носат маски, тогаш тоа е голем проблем“ – рече Гејтс.
Гејтс додава дека не верува дека вакцинацијата треба да биде задолжителна, освен ако не станува збор за луѓе кои работат со постари лица.
„Кога нешто е задолжително, често може да има спротивен ефект од очекуваното“ – вели тој.
Основачот на Мајкрософт изјави и дека не е премногу загрижен за вирусот корона. На прашањето дали ќе бидеме во ред, тој одговори: „Секако. Имаме среќа што короната не е толку смртоносна болест.“
Колку дози ќе требаат?
Одговорот што Бил Гејтс му го даде неодамна на новинарот на телевизија ЦБС за тоа колку дози вакцина ќе ни требаат за корона вирусот исто така предизвика големо внимание во целиот свет.
„Во овој момент, се чини дека ниту една од вakцините што се прават не е доволно да ве заштити со една доза. Тоа беше надеж уште на самиот почеток. Можеби вakцините што ќе бидат направени подоцна позитивно ќе нè изненадат.“
„Но, за сега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да земат повеќе од две дози “ вели тој.
Пред околу десетина дена, Гејтс апелираше лековите за ковид-19 и потенцијална вakцина да бидат достапни на државите и луѓето на кои им е најпотребна, а не на „оној што плаќа повеќе“, велејќи дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи пандемијата во целиот свет.
„Ако едноставно дозволиме лекови и вakцини да одат кај оние кои плаќаат најмногу, наместо на луѓе и на места каде што во тој момент им се најпотребни, ќе имаме подолга, неправедна и многу поопасна пандемија“, изјави основачот на Мајкрософт во видео-пораката која беше објавена за време на виртуелна конференција на тема коронавирус организирана од Меѓународно друштво во борба против АИДС.